Банер
Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: ВМРО –НП комплетно помина во ВМРО-ДПМНЕ (Сабота, 04 Февруари 2012 21:18)
Флеш Вести: Во Скопје Украдени 60.000 евра од автомобил (Петок, 03 Февруари 2012 17:39)
Флеш Вести: Најавени протести пред Општина Охрид (Петок, 03 Февруари 2012 14:22)
Флеш Вести: Почина новинарката на „Дневник“ Натали Сотировска (Среда, 01 Февруари 2012 18:53)

By A Web Design

Направив доволно за членство на Македонија во НАТО

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер денеска од Астана, Казахстан, на третиот Безбедносен форум на Евроатлантскиот партнерски совет изрази надеж дека Скопје ќе покаже поголема флексибилност за решавање на прашањето за името со Грција.

На новинарско прашање дали смета дека не направил доволно во однос на поддршката за членство на Македонија во НАТО со оглед на тоа што Македонија ги исполни сите реформи и учествува во мировните мисии Шефер, јави известувачот на МИА од Астана, дециден - направив доволно.

Тој смета дека направил се што е во негова моќ во однос на тоа прашање. Одлуката на Самитот на Алијансата во Букурешт, посочи Шефер, беше јасна дека мора да се најде решение за прашањето за името.

„Ќе ви одговорам отворено, пријателски и директно. Сакам да ја видам вашата нација во НАТО и не ги кријам моите лични амбиции. Сум бил во Скопје повеќе пати. Потребно е, искрено да видам поголема флексибилност од досега“ рече Шефер на прес-конференцијата по завршувањето на претпладневната сесија на Безбедносниот форум во Астана на кој се акредитирани околу 200 новинари.

Генералниот секретар на НАТО во заминување оцени дека инвестирал во односите со Скопје, а истото ќе го прави и неговиот наследник поранешниот дански премиер Андрес Фог Расмунсен.

На маргините на форумот, македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски, кој учествува на Форумот, оствари повеќе неформални средби меѓу кои со помошник-секретарот за одбрана на САД Александар Фершбоу и со заменик-генералниот секретар на НАТО Клаудио Бизоњеро. Коњановски и Фершбоу разговарале за стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД при што биле разменети мислења како Република Македонија побргу да се приближи кон Алијансата. Фершбоу уште еднаш дал уверување дека администрацијата на претседателот Барак Обама цврсто стои зад Република Македонија и високо ја цени билатералната соработка, особено во делот со Министерството за одбрана и АРМ. Потврдено е дека САД остануваат силен партнер и поддржувач на Република Македонија.

Во текот на работниот ручек Бизоњеро побарал мислење од министерот Коњановски за состојбите во балканскиот регион. Заеднички бил заклучокот дека треба да се затвори безбедносната архитектура на Балканот што е можно поскоро со полноправно членство на Република Македонија во НАТО.

„Безбедноста низ партнерството“ е насловот на Безбедносниот форум на ЕАПС на кој низ работни групи претставници од 50 ЕАПС и НАТО-земји расправаат за стабилизирање на ситуацијата во Авганистан, улогата на соседните земји, регионалните перспективи и енергетската безбедност.
Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

-Вести-

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга