Среда, 24 Јуни 2009 19:49

Светскиот Македонски Конгрес, со цел соработка, координација и размена на информации меѓу невладините организации заради одбрана на државното име Македонија, формира Движење на отпорот против промена на државното име Македонија.
Во Движењето чии органи се Координативен комитет, Извршен комитет и Координатор, може да пристапат физички и правни лица кои ќе потпишат пристапна изјава со којашто ги прифаќаат Правилата и Декларацијата на Движењето.
Основни принципи на Движењето се: (1) се почитува автономијата и самостојноста на сите во Движењето независно од бројот на членовите и статусот во општеството; (2) сите во Движењето имаат еднакви правата; (3) сите во Движењето имаат толкави обврски колку што доброволно прифатиле од заеднички договореното; и (4) никој не одговара за постапките и однесувањето на другите во Движењето во реализацијата на сопствените и во реализацијата на заеднички договорените цели и задачи.
Во Декларација за одбрана на државното име Македонија е утврдено дека:
(1) Прашањето за државното име Македонија е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога граѓаните и народот во апсолутно мнозинство се изјаснија за „самостојна и суверена држава Македонија“ без додави и придавки. Одлуката на референдумот е задолжителна и важи се додека не биде променета со нов референдум.
(2) Се отфрла одржувањето на нов референдум за промена на државното име Македонија.
(3) Се отфрла изменување и/или дополнување на Уставот на Република Македонија за промена на државното име Македонија и/или за утврдување на име за внатрешна употреба и име за надворешна употреба (меѓународно име).(4) Се отфрла ратификацијата на каков и да е договор за промена на државното име Македонија во Собранието на Република Македонија,
(5) Се укажува дека никој нема мандат за разговор и договор за промена на државното име Македонија. Секој договор за промена на државното име Македонија е велепредавство и злосторство против сопствениот народ кој никогаш не застарува.(6) Се бара итен и безусловен прекин на разговорите за разликата на државното име Македонија во односите со Атина и продолжување на членството на Македонија во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под нејзиното единствено државно име Македонија со можност за употреба на уставната референца „Република“ без латинична транскрипција на македонскиот јазик туку на англиски јазик “Тхе Републиц оф Мацедониа”, со меѓународниот код МК односно МКД, како јасна разлика од истоимената северна грчка провинција и покрај поделбата и окупацијата на македонската земја и народ во Балканските војни 1912-1913 година од кога Атина континуирано врши геноцид врз македонскиот народ,
(7) Се иницира тужба против Грција пред Меѓународниот суд во Хаг за грчкиот геноцид врз македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година до денес и барање на воени репарации од Атина и Брисел во износ од 8-15.000 милијарди евра за штетите од тоа,
(8) Се поддржува натамошното процесуирање на тужбата против Грција за прекршување на Времената македонско-грчка согласност од 13 септември 1995 година, и
(9) Се иницира Резолуција во Генералното собрание на ООН за советодавно мислење од Меѓународниот суд во Хаг, за законитоста на дополнителните услови за прием на Македонија во ООН: да биде примена под времена референца и да разговара за разликата за државното име со друга држава.
“Одбраната на државното име Македонија е право и должност на секој Македонец по род и државјанство во целиот свет. Секој Македонец по род и државјанство во целиот свет е одговорен за одбрана на државното име Македонија. Секако, се поддржува пристапувањето на Македонија во сојуз со ЕУ и со НАТО под државното име Македонија без додавки и придавки, врз основа на референдум со најмалку мнозинство од вкупниот број запишани избирачи, по претходно усвоена одлука од најмалку две-третини од вкупниот број пратеници. Доколку антимакедонизмот на Атина, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и промената на државното име се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур, се отфрла пристапувањето на Македонската држава во овие сојузи на држави. ЕУ и НАТО не се достојни за промена на државното име Македонија“, истакнуваат од СМК.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448