Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: ВМРО –НП комплетно помина во ВМРО-ДПМНЕ (Сабота, 04 Февруари 2012 21:18)
Флеш Вести: Во Скопје Украдени 60.000 евра од автомобил (Петок, 03 Февруари 2012 17:39)
Флеш Вести: Најавени протести пред Општина Охрид (Петок, 03 Февруари 2012 14:22)
Флеш Вести: Почина новинарката на „Дневник“ Натали Сотировска (Среда, 01 Февруари 2012 18:53)

By A Web Design

Целосна демаркација па дипломатски односи со Косово

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Воспоставувањето дипломатски односи е процес во кој треба да се исполнат заемни обврски.

Имавме изноредна можност за размена на искуствата и заедно констатирнаавме дека заеднички цели на сите ни се инеграцијата во ЕУ и НАТО, изјави македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов на денешната прес-конференција во Валона по завршувањето на неформалната средба со неговиоте колеги од Албанија, Косово и Црна Гора, Бамир Топи, Фатмир Сејдиу и Филип Вујановиќ.

Тој, како што јави известувачот на МИА, нагласи дека на средбата ја истакнал подготвеноста на Македонија да им помогне на Црна Гора, Косови и Албанија во остварувањето на стандардите потреби за приближувањато кон ЕУ.

- Тоа укажува дека конечно по долг период регионот воспоставува исти критериуми, вредности и приципи. Тоа не поврзува и не прави компатибилни како регион. Со оваа средба праќаме позитивна порака и надвор од регионот. Она што беше незамисливо за нашите родители, сега ние го остваруваме и им овозможуваме на нашите деца да живеат во поинаков свет, рече Иванов.

Сведоци сме, истакна македонскиот претседател, дека за краток преиод ги надминуваме предрасудите од минатато. Доказ за тоа, според него, е туристичката миграцијата што се случува во летниот период и покажува колку граѓаните од регионот комуницираат во последно вереме.Тој рече дека претседателите се одговорни за поттикнивање на интезивирањето на таа комуникација, но и за поттикнување на изградбата на инфраструктурата и создавање поодобри услови за комуникација, за поотворен пристап до пазарите и размена на стоки и услуги и за задоволување на потребите на генерациите што доаѓаат.

- Нашите лични контакти се порака до граѓаните за надминување на сфаќањата  од минатато. Ова е одлична можност да покажеме како ја гледаме таа големата слика на регионот како дел од Медитеранот, Европа и светот. Тоа пред се им го должиме на генераците што доаѓаат. Затоа во сите дебати иднината беше она со што бевме преокупирани, истакна претседателот Иванов.

Тој рече дека е подотвен да ја продолжи оваа традиција на органиизрање средби на претседателите на земјите од регионот, на која би биле поканети шефовите на сите држави-соседи на Македонија.

 


 

Во врска со воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Косово, Иванов посочи дека тоа е процес за кој треба да се исполнат одредени услови и оти што се однесува до македонската страна таа е подготвена да воспостави дипломатски односи со Приштина. Тој потенцира дека меѓу Скопје и Приштина нема проблеми околу границата, туку оти само останува да се завршат некои технички детали.

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу од своја страна исто така нагласи дека во Косово има добра клима и подготвеност за воспоставување дипломатски односи со Македонија. Сејдиу истакна дека постојат значајни точки што ги поврзуваат четирите земји и нивните граѓани, како и дека овие држави имаат заеднички интерсеи за приклучување кон евроаталанските интерграции.

Тој се заложи за поинтензивана економска, културна, научна и спортска соработка меѓу четирите земји и за размена на искуствата во приближувањато кон ЕУ и НАТО.

- Го цениме приемот на Албанија во НАТО и кандидатурата за ЕУ, како и достигнувањата на Македонија и Црна Гора во исполнување на стандардите и за побрзо завршување на процесите за нивна интеграција во ЕУ, рече Сејдиу.

Црногордкиот претседател Вујановиќ потенцира дека стратешка цел на сите земји е зачленувањето во ЕУ и НАТО и оти сите се радуваат на пооделните успеси на тој пат на секоја држава од регионот. Тој рече дека со приемот на Албанија и Хрватаска, Црна Гора останува единствена јадранска земја што не е членка на НАТО, со што се поттикнува и интерсот на Алијансата за прием на Подгорица.

- Стратешки интерес на Западен Балкан е ЕУ, но интерес и на ЕУ е да го инегрира регионот, бидејќи дури тогаш Европа ќе биде целосна, потенцира Вујановиќ.

Црногорскиот претседател рече дека односите на Подгорица со Македонија и Албанија се добри и меѓу овие земји нема отворени прашања и има интерес за интезивирање на соработката и комуникација, пред се во сферата на  економијата. Кога станува збор за Косово, Вујановиќ рече дека меѓу Подгорица и Приштина има две отворени прашања – статусот на црногорското малцинство во Косово и враќањето на косовските бегалци стационирани во Црна Гора, од чие решавање, ќе зависи и степенот на односите меѓу двете земји.

Домаќинот на собирот, албанскиот претседател Бабир Топи, изјави дека оваа средба има и симболично значење бидејќи се одржува во градот каде што е прогласена независноста Албанија по Првата светска војна. Според него, во услови на нова геополитичка реалноста на Балканот ваквите средби даваат нов импулс за засилување на соработката меѓу земјите од регионот, како во оставрувањето на нивните стрешки цели за вклучување во евроатланските интеграции, така и во подобрување на сообраќајната инфарструктура, соработката во енергетската сфера, економијата и туризмот, како и во борбата против криминалот.

Топи нагласи и дека на тој план, Албанија е подготвена да им ги отстапи на користење своите пристаништа на државите од регионот, кои немаат излез на море. Според Топи, ваквата соработка меѓу балканските земји дава нова слика за регионот, која е ценета од страна на Европската унија.

Со денешната заеднича средба на четворицата шефови на држави, претседателот Иванов ја завршува посетата на Валона, во чии рамки синоќа имаше одвоени билатерални средби со неговите колеги учесници на собирот.

 

Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

-Вести-

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга