Вторник, 23 Јуни 2009 20:50

Започна дводневната средба на претседателите на Албанија, Македонија, Косово и Црна Гора, Бамир Топи, Ѓорге Иванов, Фатмир Сејдиу и Филип Вујановиќ, која се одржува во Валона.
Кабинетот на албанскиот претседател извести дека билетаралните средби меѓу претседателите на државите учеснички започнаа вечерва во 19.00 часот.
Се очекува на вечерашната средба да дојде до затоплување на односите меѓу македонскиот и косовскиот претседател, заладени по нереализираната посета на Сејдиу на Македонија.
Разговорите меѓу четирите претседатели ќе продолжат утре (среда) на вториот ден од средбата, на кои Топи, Иванов, Сејдиу и Вујановиќ ќе расправаат за билатералните меѓудржавни односи и за регионалната соработка,
а нивното внимание ќе биде концентрирана на иднината на развојот на регионот во рамките на заедничката евроатлантска визија на Западниот Балкан.
Албанија ја гледа средбата како важна преку која ќе се покаже дека реалноста во регионот е променета со прогласувањето на независноста на Косово.
„Лидерите на Балканот треба да оценат дека геополитичката реалност на Балканот е променета, особено по признавањето од страна на поголемиот дел на земјите од регионот, на најмладата држава Косово, а во духот што се стимулира од нашите битни меѓународни партнери потребно е на регионалните маси кои ќе се одвиваат во иднина, да биде и претседателот Сејдиу“, изјави претседателот на Албанија Бамир Топи.

| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448