Вторник, 23 Јуни 2009 20:39

Американскиот претседател Барак Обама за една година ги продолжи санкциите за Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, соопшти Белата куќа.
На последниот список на Одделот за контрола на имотот на странци при американското Министерство за финансии има 11 македонски државјани на кои им е блокиран влезот.
Претседателот на партијата „Обединети за Македонија“ Љубе Бошковски, лидерот на Демократската партија на Албанците Медух Тачи, членот на Централното раководство на ДУИ, Џеват Адеми и поранешниот командант Хоџа – Џезаир Шаќири, лидерот на Илирида Невзат Халили,
независниот пратеник Даут Реџепи, Кастриот Хаџиреџа, Изаир Самиу, Саит Рушити, Авдул Јакупи- Чакала, лидерот на АНА Гафур Адили, Џавит Хасани, Џемаил Хисени и Нури Беџети, најмалку уште една година ќе бидат на „црната американска листа“.
Според Белата куќа овие лица се на листата поради екстремните активности во Република Македонија.
Според американската администрација овие лица помагаат, спонзорираат или подржуваат насилство во Македонија и низ целиот Западен Балкан и спречуваат целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор.
На лицата кои се наоѓаат на „црната листа“ им е забранет влезот на американска територија и замрзнати им се фондовите од американските финансиски институции.
На оваа листа порано беше и лидерот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети, но, во 2003 год. со одлука на администрацијата на претседателот Џорџ Буш, неговото име беше тргнато.
За прв пат американската црна листа беше објавена на 26 јануари во 2001 год. и досега неколку пати претрпела промени. Одлуката на американскиот претседател Барак Обама за продолжување на санкциите е поставена на официјалната веб страница на Белата куќа.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448