Банер
Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: ВМРО –НП комплетно помина во ВМРО-ДПМНЕ (Сабота, 04 Февруари 2012 21:18)
Флеш Вести: Во Скопје Украдени 60.000 евра од автомобил (Петок, 03 Февруари 2012 17:39)
Флеш Вести: Најавени протести пред Општина Охрид (Петок, 03 Февруари 2012 14:22)
Флеш Вести: Почина новинарката на „Дневник“ Натали Сотировска (Среда, 01 Февруари 2012 18:53)

By A Web Design

Медијаторот не достави нов предлог за името

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Медијаторот во македонско-грчките разговори за спорот околу името Метју Нимиц на денешната рунда развовори со претставниците на двете земји Зоран Јолевски и Адемантиос Василакис, не достави нов предлог за името, туку само се идентификувале областите кои досега го кочеле процесот за донесување решение за спорот.

На прес-конференцијата по завршувањето на денешните преговори во седиштето на ОН во Женева, што се одржуваат по четиримесечен мораториум поради изборите во Македонија и во Грција, Нимиц изјави дека има подготвеност од двете страни да се преговара, но оти нема реален напредок.

- Не постигнавме напредок. Но, јас не ни очекував нешто такво, изјави Нимиц.

Според Нимиц, ова е добар момент периодот што претстои да се искористи за поттурнување на процесот, имајќи ја предвид потребата од решавање на долгогодишниот дипломатски спор, но и потребата за стабилизирање на регионот.

- Ова е доста необичен вид на спор. Има многу малку примери во историјата на таков спор, потенцира Нимиц.

Тој одби да даде детали за разговорите, само нагласи дека „на масата не биле изнесени нови предлози“. Нимиц рече дека двете страни „се длабоко вкопани во своите позиции“, но сепак изрази надеж дека „позициите може да се променат“.

- Разговорите минуваат на мирен начин и меѓу двете земји односите се подобруваат, особено во сферата на трговијата. На Балканот мирните преговори се реткост, особено за тешки прашања, рече Нимиц.

 Медијаторот најави дека на 6 јули доаѓа во Скопје, а два дена подоцна и во Атина. Според најавите, на тие разговори треба да стане збор за предлот за име, за опсегот на негово користење и за механизмите со кои евентуалното решение и формално ќе го затвори спорот во ОН.

Македонскоиот амбасадор Јолевски, запрашан за македонската позиција истакна дека Македонија е подготвена за разговори и оти сака да се реши спорот, но не по цена да се загрози националниот дигнитет и идентитетот на нацијата.

Женевската рунда разговори се одржува неколку дена пред министерскиот состанок на ОБСЕ на Крф на 27 јуни, на кој ќе учествуваат и шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Антонио Милошоски и Дора Бакојани. 

Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

-Вести-

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга