Банер
Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: ВМРО –НП комплетно помина во ВМРО-ДПМНЕ (Сабота, 04 Февруари 2012 21:18)
Флеш Вести: Во Скопје Украдени 60.000 евра од автомобил (Петок, 03 Февруари 2012 17:39)
Флеш Вести: Најавени протести пред Општина Охрид (Петок, 03 Февруари 2012 14:22)
Флеш Вести: Почина новинарката на „Дневник“ Натали Сотировска (Среда, 01 Февруари 2012 18:53)

By A Web Design

Македонците од Австралија контра владиката Петар

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Македонската заедница во Австралија е шокирана од потегот на австралиско – новозеландскиот митрополит Петар, кој бара од тамошните институции сите црковни имоти да станат негова сопственост.

Македонците од Мелбурн обвинуваат дека тајно, без нивно знаење, владиката Петар на 7 мај поднел барање до јавниот обвинител со кое сакал да издејствува гласање во парламентот на државата Викторија за да ги добие имотите на македонската заедница.

Ицо Најдовски вели дека согласно австралиските закони, со 9 те македонски цркви и 3 те манастири во Мелбурн, раководат непрофитни организации со извршни одбори кои пак назначуваат свештеник.

Во случајот, вели Најдовски, Петар сакал сите да ги стави под негова лична надлежност.

„Тој ќе биде владика, заменик владика и уште двајца – тројца тој ќе ги назначува и во секој момент може да продава, купува или она што се плашиме ние е да ги однесе имотите под јурисдикција или да ги соедини кон некој друга црква“ – изјави Ицо Најдовски од Македонската заедница во австралиската држава Викторија.

Најдовски прашува зошто вакви проблеми немало со македонските православни цркви во Канада и во Америка каде владееле истите закони.

За потегот на австралиско – новозеландскиот митрополит, Алфа побара мислење од МПЦ, од каде пак не упатија директно кај владиката Петар како најнадлежен за ова прашање.

Тој ги отфрла обвинувањата од македонската заедница во австралиската држава Викторија.

„Ние тоа не можеме по телефон да го елаборираме, ако сакате утре попладне“ – изјави владика Петар.

Владиката Петар најави дека утре или задутре од Битола ќе дојде во Скопје и оти ќе ни ги стави на располагање сите документи.

Последен пат, пред три месеци, македонците од Австралија и владиката Петар меѓусебно се обвинија за финасиска злоупотреба околу имотот на црквата Св.Петка во Сиднеј.
Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

-Вести-

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга