Недела, 21 Јуни 2009 19:24

Охридското езеро нема да се дава под концесија до 2014 година најави од Охрид министерот за земјоделство Ацо Спасеновски.
Ваквата одлука владата ја донела на последната седница со цел да се постигне биолошкиот минимум. За езерото дотогаш ќе се грижи рибочуварската служба и МВР.
Спасеновски кажа дека наредниот месец ќе бидат распишани огласи за давање под концесија на Преспанското и Дојранското езеро.
„После 2014 година со соодветната заштита и соодветното порибување , експертите од Хидробиолошкиот институт констатираа дека дотогаш ќе се постигне биолошкиот минимум на охридската пастрмка и дека таа ќе почне да се размножува во големина со која ќе може да биде самоодржлива и ќе почне да се лови“ изјави Спасеновски.
Неделава МВР приведе седум рибокрадци кои во заседа беа фатени кај авто кампот Андон Дуков како на црно ловаат риба од водите на езерото. Но каде потоа завршува оваа риба? Дел од пленот според надлежните оди во угостителските објекти, а другиот кој е распаднат на испитувања во Хидробиолошкиот завод
„Онаа риба која ќе се заплени се дава по надлежните судови како доказен материјал, односно се дава во угостителски објекти.
Ние имавме средба со колегите од албанска страна каде се договоривме да имаме заедничка акција на Охридското езеро и се надевам дека и тие ќе го донесат Законот за заштита на пастрмката“ вели Ванчо Димитриевски од инспекторатот за земјоделство.
„Во 2006 година кога дојдов како министер кога пробавме да ловиме риба за да добиеме икра, се доведовме во ситуација да собираме не со килограми туку со парчиња. Имавме бројки од десет, петнаесет парчиња за репродукција.
Но што ќе правевме ако ги немавме и тие парчиња?“ рече министерот Спасеновски.
Во изминатове две и пол години Охридското езеро беше порибено со 6,5 милиони единки пастрмка. Само денеска беше порибено со 50.000 парчиња подмладок обезбеден од минатогодишниот мрест, а наесен тоа ќе биде направено со уште 1,9 милиони едники кој во моментов се одгледуваат во мрестилиштетот на Хидробиолошкиот завод.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448