Недела, 21 Јуни 2009 19:19

Партијата „Обединети за Македонија„ на Љубе Бошкоски смета дека одлуката на Владата за купување на 302 двокатни автобуси од кинеската компанија „групацијата Џенгџоу Јутонг„ за градот Скопје е мегаскандал.
Потпретседателот на оваа партија, Ден Дончев рече дека за 302 автобуси произведени во Кина, Владата ќе одвои 51 милион евра додека производството на тие автобуси чини не повеќе од 28 милиони евра. Според партијата на Бошкоски Владата треба да одвои уште други 9 милиони евра за даноци и царина.
„Иронија е што креаторот на кампањата „Купувајте македонски производи“ и неговата влада одлучија да го игнорираат единствениот македонски производител на автобуси.
Навистина иронично и несериозно е што нашата влада македонска дава проект од 60 милиони евра на кинеска компанија во ист момент кога самата влада на Кина на корисниците на државни стимулации им препорачува да купуваат само домашни кинески производи“ вели Дончев.
Од партијата „Обединети за Македонија„ ја потсетуваат Владата на премиерот Никола Груевски дека ако тендерот беше доделен на домашната компанија „Санос„ во следните три години би работеле 500 граѓани од Македонија со што би ја обезбедиле егзистенцијата.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448