Сабота, 20 Јуни 2009 18:27

Министерката Гордана Јанкуловски нема информации за изјавата на Рамадан Бајрами од Сопот дадена вчера за Алсат, дека под полициски притисок е принуден да сведочи против неговите приведени соселани кои потоа се казнети со 150 години затвор.
„Не би можела да ја коментирам изјавата бидејќи лично не сум ја слушнала, меѓутоа во такви случаи каде што граѓаните се жалат на полицијата постои соодветбна процедура во која тие можат да упатат претставка и секако да се одлучи по таа претставка. Сепак не би коментирала изјава која не сум ја слушнала“ изјави Јанкуловска.
Сведочењето на Рамадан Бајрами е единствениот доказ кој беше користен во судското рочиште против жителите на Сопот за експлодирањето на мината во ова село пред 6 години. Рамадани тврди дека документот во полицијата бил принуден да го потпише поради насилството кое било извршено врз него.
„Сето ова беше со насилство. На 23. 05. 2003 полицијата ме киднапира, ме одведе некаде во Струмица и насилно ми побараа да сторам нешто што не било. Тие имиња јас не ги кажав туку тие имиња ми ги кажаа од полицијата.
Насилно ме натераа да потпишам затоа од 23-ти до 29-ти бев задржан во приватни викендички, јас не сакав да направам такво нешто, но по силните малтретирања требаше да признаам иако не беше така“ рече Бајрами.
Правниот експерт, Осман Кадриу вели дека прашањето на лажните изјави во последно време било присутно во многу судски рочишта, на многу судења каде врз основа на ваквите изјави, судот донесува погрешни пресуди.
Кадриу вели дека новите околности треба да се земат предвид од јавното обвинителство и ако се утврди како точно тврдењето на Бајрами предметот треба да се врати на почеток.
„Прашањето треба да се анализира и да се види колку втората изјава е евидентна, точна , објективна и вистинита. Ако втората изјава е точна , додека првата изјава била таа која ги товари обвинетите и врз таа основа судот дојде до заклучок во конкретна фактичка состојба дека има кривично дело и донел конкретен став за изрекување на делата. Во овој случај треба да почне истата постапка и да се одржи од органите за кривично гонење, во прв ред од државниот обвинител бидејќи обвинението е на државниот обвинител и тој треба да го брани обвинението од неговото покренување до завршување на постапката“ рече Кадриу.
Бајрами за Алсат рече дека и на судското рочиште се обидел да ја каже вистината обраќајќи се до судот дека доказите ги дал под притисок и физичко малтретирање, но неговите изјави не беа земени предив од страна на судот.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448