Сабота, 20 Јуни 2009 18:20

Премиерот Груевски да каже дали бара единство за решавање на спорот за името, или за негово нерешавање, побара денеска од Струмица, лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.
Груевски експресно одговори со обвинување дека СДСМ и другите опозициски партии од прашањето за името и идентитетот прават дневно политички поени.
„Во преговорите треба да се влезе побрзо и посуштински за да се постигне компромис, а не де се бараат разноразни изговори за преговорите да завршат неуспешно“ рече Црвенковски.
„Единство не е можно се додека прашањето што го имаме како проблем со Грција го третираат како да се однесува за наредните избори и дали ќе добијат еден поен повеќе со некоја изјава со која ќе не надмудрат или ќе не стават во неповолна позиција.
Значи, првиот чекор кон единство е политичките партии да разберат дека од ова прашање не можат да прават дневна политика, бидејќи во моментот можеби е најголемото прашање во однос на националните и државните интереси на Република Македонија“ одговори Груевски.
Тезата на Паско Кузман дека доколку не докажеме дека сме потомци на античките Македонци ќе го загубиме името, Груевски не сакаше да ја коментира, со оценка дека не е добар моментот за расправи за историски прашања.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448