Банер
Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: ВМРО –НП комплетно помина во ВМРО-ДПМНЕ (Сабота, 04 Февруари 2012 21:18)
Флеш Вести: Во Скопје Украдени 60.000 евра од автомобил (Петок, 03 Февруари 2012 17:39)
Флеш Вести: Најавени протести пред Општина Охрид (Петок, 03 Февруари 2012 14:22)
Флеш Вести: Почина новинарката на „Дневник“ Натали Сотировска (Среда, 01 Февруари 2012 18:53)

By A Web Design

16-ти Самит на шефовите на државите од Централна Европа

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов истакна дека 16-от Самит на шефовите на државите од Централна Европа, што се одржува во Нови Сад, поминува во одлична атмосфера и на него „се отворени прашањата кои се заеднички за регионот, но исто така произлегоа и различни сфаќања за едни исти прашања“. 

- Слушнавме различни мислења и различни концепти за тоа како членките на ЕУ и оние кои сакаат да бидат членки размислуваат за економската криза, кои се искуствата што ги имаат, како и ставот на замјите-членки на Унијата дека веќе се посветуваат на националните прашања поради екомомската криза, истакна Иванов.

Тој нагласи дека на Самитот е потенцирана потребата од заедничка континуирана политика за проблемот со енергетиката, додека за проширувањето на ЕУ е укажано дека „и при претходните проширувања имало слични аргументи дека Унијата е заморена од проширување“.

- Посебно беше истакната позитивната атмосфера која се создава со визната либерализација и Македонија секаде се спомнува како земја која меѓу првата ќе ја добие.  Визната либерализација ќе значи мобилизирање и фокусирање на енергијата за започнување на преговорите, потенцира Иванов.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Нови Сад, македонскиот претстедател наведе дека се заборава првиот принцип на кој се темелеше европската идеја – мировен проект, што е најнеопходно за Балканот.

-  Треба да се поврати таа иницијална идеја за да може да доведе до пацифизирање на односите на Балканот. Значи Европа мора да води сметка за своите изворни принципи, критериуми и вредности на кои се темели Унијата. Регионот е најефикасен во кризни ситуации - кога имаме задача тогаш сме најуспешни, оцени Иванов

Македонскиот претседател претходно денеска во своето обраќање на Самитoт ја нагласи потребата од соработка и заедничка иднина. - Во Европа не смее да ни недостасува волја  за соработка, за надминување на сите недоразбирање, не смее да ни недостасува поглед и оптимизам за заедничката иднина, наведе Иванов.

Тој истакна дека  дека Самитот во Нови Сад е важен бидејќи од самиот почеток ги сплотува народите od Централна Европа и ги надминува менталните и географските бариери на Студената војна, како и поделбите на источни и западни, стари и нови eвропејци, развиени и помалку развиени европски држави.

- Токму во овие мигови сме најповикани да ја понесеме големината и одговорноста на нашите врвни функции во општеството. Бидејќи на народите и државите на Европа ќе им биде потребно мудро и храбро водство за што побргу да излезат на патеките на напредокот и просперитетот, посочи македонскиот претседател.

 

 

Тој ја потенцира потребата, како и волјата на народите од Централна Европа, да ги разрешуваат сите прашања и да ги пресретнат сите предизвици. Како предизвици, Иванов ги наведе енергетската зависност на континентот и глобалната економска криза.

- Ако на некој план ни е најпотребно Европа да зборува со еден заеднички глас, тоа е во обезбедувањето на заедничките линии за снабдување со енергија, истакна Иванов.

Македонскиот прeтсeдaтeл осврнувајќи се на глобалната еконoмска криза нагласи дека дека „економскиот просперитет и соработка го „поставуваат европскиот сон на здрави нозе“.

- Затоа не смееме да дозволиме стравот, претпазливоста, несигурноста да ги диктираат нашите постапки во услови на економска криза. Знам дека е голем предизвикот да се затвориме во себе и повеќе да мислиме дека го губиме тоа што го имаме, отколку да мислиме на тоа што можеме да го постигнеме и да стекнеме, истакна Иванов.

Шефот на македонската држава осврнувајќи се на проширувањето на ЕУ нагласи дека најубедени и најпосветени се политичарите кои се родиле и живееле надвор од границите на Унијата.

- Зашто нашите граѓани на своја кожа ги почуствувале последиците од европската колебливост и нивните лични, колективни искуства се најдобар потсетник за нас, зошто е толку важно натамошното проширување. Токму преку ширеење на идејата за обединета Европа ние најдобро се бориме за европските вредности и идеали за големата Европска идеја, потенцира Иванов.

Тој  наведе дека Македонија целосно е посветена на интегрирање во ЕУ, а тоа го докажува преку соработката со државите-членки на Унијата, како и со соработката со соседите.

- Македонија била и останува активен партнер, како во билатералните односи така и во мултилатералните напори. Мојата земја е сериозен партнер и постојано подава кон сите иницијативи кои носат мир, просперитет и демократија... Сигурен сум дека сите сме свесни колку нашите нации и држави вложија во заедничкиот сон и затоа немам сомнение дека ни претстои успех, посочи претседателот Ѓорге Иванов.

Шефот на македонската држава на маргините од Самитот денеска во Нови Сад ќе оствари билатерални средби со претседателите на Италија и Полска, Џорџо Наполитано и Лех Качински.

Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

-Вести-

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга