Четврток, 18 Јуни 2009 18:46

Во пресрет на 16. Самит на шефови на држави на земјите од Централна Европа „3Е Предизвици - Економија, Енергија, ЕУ проширување“ што утре ќе се одржува во Нови Сад, вечерва македонскиот претседател Ѓорге Иванов имаше билатерална средба со својот домаќин, претседателот на Србија Борис Тадиќ.
Како што јави известувачот на МИА, претседателот Иванов изрази задоволство од средбата за која потенцира дека е трета по ред.
- Разговаравме за теми за кои досега немаме толку отворено зборувано, посебно за иднината на регионот, визната либерализација и за најавениот датум за прговори за членство на Македонија во Европската унија, истакна Иванов.
Српскиот претседател Тадиќ истакна дека имале пријателска и конструктивна средба и оти разговарале за прашања за Балканот и неговото место во ЕУ.
- Србија го признава интегритетот на Македонија, самостојноста на македонскиот народ, на културата и јазикот, а во наредниот период ќе работиме на зајакнување на билатералните односи и спорните прашање. Постои едно прашање за кое немаме исто мислење, а тоа е Косово и Метохија и ние едноставно мораме да соработуваме и да изнајдеме повеќе допирни точки за соработка, како што е визната либерализација, наведе Тадиќ.
Двајцата претседатели раѕговарале и за економската соработка и за подобрување на инфраструктурата – изградба на Коридорот 10. Предвидено е до крајот на следната година тој да биде завршен на српска територија. Тадиќ истакна дека од посебна важност е и соработката на научните институции.

| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448