Вторник, 16 Јуни 2009 05:05

Корупцијата не е наследена и ендемска појава која свои засолништа има во ставовите и навиките на луѓето, туку системска појава против која треба да се бориме сите заедно и да ја сведeме на најмало можно ниво, истакна премиерот Никола Груевски, во обраќањето пред учесниците на Шестата Годишна регионална конференција на Транспаренси интернешнал за Европа и Централна Азија што од денеска до 17 јуни се одржува во Охрид.
- Суштинска е потребата од широк фронт против корупцијата каде секој со својот личен пример дава придонес во борбата против ова зло на денешницата. Таа е жилав противник, но не е непобедлив.
Успехот зависи од политичката волја, од решителноста и посветеноста на државните органи и судовите, но и од граѓанското општество и медиумите кои предлагаат акции, организираат јавни соочувања и придонесуваат со истражувачка работа на ова поле, рече Груевски.
Огромна, можеби и клучна улога, истакна македонскиот премиер, има и подигнувањето на нивото на јавната свест, особено кај поединците кои работат во секторите што се силно погодени од корупцијата.
- Еден корумпиран судија, политичар, професор, цариник, ја дава истата слика за целокупната своја професија, и отвара сомнеж за стотици други кои чесно и професионално си ја извршуваат финкцијата, посочи Груевски.
Тој ја нагласи цврстата определба на сите фактори во Македонија за реформи, за позитивни промени во економските текови, за меѓународна соработка и стратешката ориентација кон евроатлантските интеграции, кои, како што наведе, се наши силни сојузници во борбата против корупцијата, исто како што успехот во таа борба е услов за остварување на тие цели.
- Во таа насока силно не охрабрува фактот што Република Македонија во изминатиот период постигна значителен напредок по точките од одредницата за борба против корупцијата поставена од ЕК, како и во соодветните поглавја во кои е опфатено ова прашање. Владата продолжува со бескомпромиската борба против корупцијата, со јасна цел да ја направи Македонија докажан партнер во меѓународната арена за бороба против корпуцијата. Отворени сме за соработка, размена на искуства, совет или критики, затоа што само на тој начин ќе ја зајакнеме борбата против корупцијата, рече Груевски.

Во знак на благодарност за ангажаманот во борбата против корупцијата на премиерот Никола Груевски му беше врачена книга со посвета од генералниот директор и основач на Транспаренси интернешнал, Питер Еиген.
На собирот во Охрид учествуваат 200 претставници од 45 земји од Европа и Централна Азија. Работниот дел на конференцијата продолжува со три панел дискусии „Проширувањето на ЕУ и реформи за антикорупција“, „Корупција и економски равзој“ и „Незаконски одлив на пари“.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448