Недела, 14 Јуни 2009 05:27

Апсурдно е земјата да се држи надвор од Алијансата поради билатерален спор, порачуваат американските конгресмени Бил Паскрел и Ерл Померој, и сенаторот Ричард Лугар, добитници на Меѓународната награда на слободата што ја доделува Обединетата македонска дијаспора за залагање за Македонија.
Во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик тие потенцираат дека македонското членство во Алијансата е добро за соседството, но и за Европа.
- Мислам дека е правилно Македонија, која има дадено толку многу на други земји, да биде дел од НАТО. За мене е. Да употребам термин што еден колега го употреби, апсурдно е да се држи надвор од НАТО поради спор меѓу две земји, а не меѓу сите земји во светот, вели Паскрел.
На прашањето дали Македонија треба да се откаже од своето уставно име за постигнување компромис со Грција, Паскрел истакнува дека има и други начини за решавање на спорот.
- Мислам дека дел од компромисот е Република Македонија да стане нешто друго, но никогаш да не биде „поранешна југословенска република“ и целосно да го отфрли името „Македонија“. Го разбирам проблемот. Има еден македонски дел на Грција, ја разбирам тамошната чувствителност. Има други начини да се реши проблемот отколку да се промени името на Македонија, нагласува конгресменот.
За Померој упорноста е клучот кога станува збор за признавањето на Македонија под уставното име.
- Упорност, упорност, упорност. 120 земји во светот ја признаа државата по нејзиното име, Македонија. Никако не е соодветно една земја да се обидува да користи билатерално прашање за да запре друга земја да учествува во заедницата на нации, во случајов НАТО, нашиот заеднички безбедносен сојуз.
Прашањата што треба да одредат дали една земја е членка на Алијансата се одбранбени прашања, а не неодносни прашања за името, билатерален спор што ја попречува меѓународната заедница, вели Померој.Правдата е на страна на Македонија и прашањето, оценува Померој, мора да биде решено соодветно на тоа.
Сенаторот Лугар е оптимист дека Македонија ќе стане дел од Европа со тоа што ќе биде примена во НАТО и ЕУ и покрај заканите со вето од страна на Грција.
- Понекогаш за дипломатијата е потребно извесно време. Ќе продолжиме да се залагаме за македонското членство во НАТО. Тоа им го велиме и на Македонците и на Грците кога ќе не посетат во Сенатската комисија за надворешни работи, бидејќи веруваме дека тоа е добро за соседството, а секако е добро за Европа, вели Лугар.
Македонија, советува сенаторот, треба да продолжи да просперира како земја, да расте политички и економски, да одржува пријателски врски во сите насоки.
- Ќе дојде ден кога работите ќе дојдат на свое место. САД ќе бидат константни во застапување на ставот дека Македонија треба да биде дел од НАТО, потенцира Ричард Луга
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448