Петок, 12 Јуни 2009 19:46

Полицијата се уште нема податоци за лицето кој со автоматска пушка отворил оган кон шумската полиција, 2 км од од Горно Количане каде почина 34 годишниот Игор Цветковски додека другите двајца повредени се надвор од животна опасност.
На почетокот на акцијата за расветлување на случајот претресена беше куќата на Ајет Османи, кој се е во притвор бидејќи 12 часа пред да се случи инцидентот, бил фатен од полицијата за нелегално сечење на дрва. Според портпаролот на МРВ, Иво Котевски во ниту една од куќите не било пронајдено оружје.
„„Обезбеден е еден визир, односно нишан, огнено оружје, рамка за куршуми и некои предмети за кои дополнително ќе се вештачат.По совозачот во тој москвич се уште се трага , во текот на ноќта не беше истиот пронајден“рече Котевски
Несреќата се случи кога шумската полиција во придружба на службата на „Автомото“ отишле да отстранат две возила кои околу 3 часот изутрина илегално транспортирале исечени дрвја.
Тие го повикале Ајет Османи на информативен разговор додека другото лице во возилото, Ејуп Кадриу заедно со останатите успеале да избегаат. Додека полицијата ги носела возилата, непознато лице од друго возило пукало кон џипот на шумската полиција.
„Шумската полиција не е под ингеренции на МВР .МВР има јасно дефинирани со закон ингеренции во однос на превенција, откривање и сузбивање на криминалот .МВР интервенира по сопствени сознанија “
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448