Среда, 08 Септември 2010 19:35
Обдукцијата на телото на српскиот турист Дејан Новаковиќ, кој беше убиен во Охрид, покажа дека починал од последиците на ударот со нога во градите.
Во докторскиот наод стои дека по ударот се случиле големи осцилации во работата на срцето, кое од силниот удар престанало да пумпа крв.
Целиот инцидент нејасно може да се види и на видео-материјалот во траење од шест часа кој го снимиле сигурносните камери на охридската пошта, но на него не се гледаат јасно лицата на сторителите.
Лицата не можеле да ги препознаат и тројцата очевидци, иако сите идентично го опишале настанот.
Учесниците единствено ги препозна Горан Периќ, кој во моментот на убиството бил во несвест во клубот каде започнала расправата.
Камерите на хотелот „Милениум Палас“ каде бил сместен главниот осомничен за убиството Драган Ѓорѓевиќ, покажуваат дека критичната ноќ тој го напуштил хотелот со второобвинетиот Митре Костоски кој го чекал со автомобилот.
Костоски признал дека го префрлил Ѓорѓевиќ, но рекол дека не знаел за убиството, пишуваат српските медиуми.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448