Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: ВМРО –НП комплетно помина во ВМРО-ДПМНЕ (Сабота, 04 Февруари 2012 21:18)
Флеш Вести: Во Скопје Украдени 60.000 евра од автомобил (Петок, 03 Февруари 2012 17:39)
Флеш Вести: Најавени протести пред Општина Охрид (Петок, 03 Февруари 2012 14:22)
Флеш Вести: Почина новинарката на „Дневник“ Натали Сотировска (Среда, 01 Февруари 2012 18:53)

By A Web Design

19 години самостојност.Честит празник!

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

"Пред 19 години, ние граѓаните на Република Македонија имавме историска чест да бидеме генерацијата која беше носител на процесот на воспоставувањето на независноста, идеја која беше сон на бројни генерации македонски патриоти... 

Прославувајќи го 8-ми септември - 
Денот на независноста, се присетуваме и на сите процеси, настани и случувања, кои со сета своја големина и значење се вградија во македонската историја во последните 19 години.
И покрај сите предизвици и потешкотии со кои се соочувавме и се соочуваме, Република Македонија и нејзините граѓани, покажувајќи висока демократска зрелост, не отстапија од остварувањето на идејата за дополнителен развој на демократското и просперитетно општество, унапредувањето на општествените процеси, засилувањето на државноста и интеграцијата во европското и евро - атлантско семејство на народите, каде што природно, вредносно и цивилизациски припаѓаме", стои во честитката на премиерот Груевски до граѓаните на РМ. 

А еве кус рекапитулар што се случуваше изминативе години од 8 септември 1991 кога 95 проценти од македонските граѓани кои излегоа на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава. 

Прашањето беше „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.

Уставот на РМ беше усвоен на 17 ноември 1991 година. Референдумот и Уставот беа бојкотирани од албанската заедница во РМ. Десет години подоцна Уставот беше надополнет по конфликтот во 2001 и потпишувањето на Рамковниот договор. 
Државноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина... 

На 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците на Грција за промена на уставното име, зачленувањето во ОН беше направено под референцата Поранешна југословенска Република Македонија. Под покровителство на ОН, Скопје и Атина почнаа разговори за решавање на проблемот што го има Грција со уставното име на Македонија, кои се уште траат. 

Македонија досега има воспоставено дипломатски односи со 160 држави во светот, а под уставното име е признаена од 125 меѓу кои и три од постојаните членки на Советот за безбедност на ОН - САД, Русија и Кина. 

Следуваа трицифрена инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година. 
Во 2005 година Македонија доби статус на земја кандидат за членство во ЕУ, а лани и препорака од ЕК за почеток на пристапните преговори со Унијата. 

Деветнаесеттата година по осамостојувањето поминува во исчекување на новиот извештај од Брисел за напредокот на земјата на патот кон евроинтеграциите, како и датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. 

Во Македонската опера и балет вечер ќе се одржи Свечена академија по повод 8-ми Септември - Денот на независноста на Република Македонија на која обраќање ќе имаат претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и претседателот на МАНУ, академик Георги Старделов
Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

-Вести-

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга