Вторник, 07 Септември 2010 20:07
Премиерот Никола Груевски го поздрави денеска усвоениот собраниски деловник во Парламентот истакнувајќи дека е значаен за продолжување на градењето добра клима во Собранието за добар политички дијалог.
- Добро е што денеска се изгласа иако тоа можеше да се случи многу порано, но за жал заради кочењето од СДСМ и Бранко Црвенковски изгубивме многу време и добивме многу критики, изјави премиерот Груевски одговарајќи на новинарски прашња по пуштањето во употреба спортска сала во ОУ „Дитурие“ во општина Сарај.
Според Груевски ВМРО-ДПМНЕ и владејачките партии покажале голема зрелост со прифаќањето на сите 23 барања на СДСМ и на опозицијата како и на сите препораки од Венецијанската комисија, што, како што истакна, е направено многу порано.
- Иако тоа е направено многу порано и се прифатени сите барања на опозицијата, за жал од причини кои не се многу поддржувачки за државата, СДСМ и Бранко Црвенковски со месеци го кочеа носењето на деловникот. Но, ставени во ќош од сите страни и под притисок и на меѓународната и на домашната јавност видоа дека таа игра не можат да ја остварат докрај и се обидоа тоа да го претстават како некој нивен придонес за силна воља да помогнат на државата, а всушност ја кочеа најмалку пет шест месеци и и наштетуваа, рече Груевски.
Усвојувањето на Деловникот, додаде претседателот на Владата ќе помогне и ќе продолжиме да градиме добра клима во Парламентот за добар политички дијалог и за решавање на останатите проблеми кои ќе помогнат и на граѓаните и на евроинтеграциите на државата.
На новинарско прашање дали е прецизирана средбата со посредникот за името Метју Нимиц премиерот одговори оти засега немало такво нешто.
- Не немаше никакво прецизирање на средбата со Нимиц сега засега, рече Груевски.
Прашан за коментар на изјавата на американскиот амбасадор Филип Рикер дека се преговара само за името, а не и за идентитетот, Груевски упати на одговор во минатогодишните изјави на грчкиот политички врв.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448