Вторник, 07 Септември 2010 19:32
Во претстојниот период може да се дојде до решение на проблемот со името на Македонија, смета македонскито претседател Ѓорѓе Иванов, темелејќи го својот оптимизам на, како што вели, подобрената клима во односите меѓу Македонија и Грција
„Честите средби на двајцата премиери многу придонесуваат за подобро разбирање и јакнење на довербата, оценуваат од Кабинетот и додаваат дека претседателот ќе ги посочи нашите позиции – бараме решение кое ќе биде во рамки на Резолуцијата 817 и времената спогодба, ништо повеќе и ништо помалку“, велат од Кабинетот на Претседателот Ѓорге Иванов.
Сепак, според Иванов и „не секое решение може да биде решение затоа што на крајот, тоа треба да биде потврдено на референдум од граѓаните“.Претседателот Иванов во Брисел ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј, со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, со еврокомесарот за проширување Штефан Филе и со претседателот на Претставничкиот дом на Кралството Белгија, Андре Флау.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448