Вторник, 07 Септември 2010 06:24
Пратениците во Македонското собрание денеска ќе расправаат околу измените на Деловникот.
Политичките партии вчера на координацијата кај претседателот на парламентот Трајко Вељановски постигнаа договор тие да бидат прва точка на дневен ред.
На координацијата не станало збор за барањата на СДСМ да се формира посебна комисија за контрола на трошењето буџетски средства.
Најзначајните измени на малиот собраниски устав договорени во текот на јули на опозицијата и овозможуваат да предлага точка на дневен ред на секоја втора пленарна седница. На министрите им се ограничува времето за одговор на 10 минути на седница за пратенички прашања, а за дискусија по определна точка може да се пријават и оние, кои поради учество во работа на други собраниски тела, не биле во можност тоа да го направат на почетокот од седницата.
Поддршка за Деловникот најавија и пратениците на ДУИ.
Либералдемократите и партијата на Имер Селмани, како што најавија, ќе гласаат против
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448