Понеделник, 06 Септември 2010 21:16

Порталот на лондонски неделник е преплавен со шизoфренични коментари на Грците, додека другите коментатори се обидувааат да ги смират
Текстот за спомениците „Македонија се разубавува“ од проектот „Скопје 2014“, објавен на 26-ти минатиот месец во лондонски „Економист“ стана најкоментиран текст во историјата во овој неделник.
За недела и пол, под текстот има над 1000 коментари, со што е надминат рекордот на претполседниот текст објавен во врска со спорот за името.
Генерално коментарите ги пишуваат Грци со нивните познати шизофренични ставови за историјата според која „Македонија и грчка“ и сите останати, Британци, Холанѓани и други кои се обидуваат да ги смират Грците и да им укажат дека е многу побитно да си ја средат разурната економија.
Дел од коментаторите ја напаѓаа грчката историја, бидејќи „концептот за грчка нација“ не бил познат во антиката. Еве дел од нив:
„Тоа што го прави Македонија е комплимент за Грција.
Гледајте го тоа позитивно, наместо негативно. На пример светецот на Англија Свети Џорџ е Грузиец, а и нашето знаме е исто како и грузиското, па сепак ние немаме проблеми со нив“, пишува англичанката Џуд Дејвис.
„Мислам дека Грците треба да се фокусираат на сегашната состојба во земјата отколку на херојската историја“, коментира холанѓанката Камила Фушова.
„Колку е глупав овој спор. Има регион во Белгија кој се вика Луксембург, па никој во државата Луксембург не се притресува поради тоа“, пишува белгиецот Андреа Коста.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448