Понеделник, 06 Септември 2010 21:06

Во Германија тамошното обвинителство покрена истрага против „Дојче телеком“ поради сомнение дека нејзината фирмата, Маѓар Телеком во 2005 година потрошила 7 милиони евра за поткуп на политичари и на високи владини службеници во Македонија и во Црна Гора.
Во извештајот за резултатите од внатрешната истрага за договорите во „Маѓар телеком“, објавен во декември 2009, стои дека за „несоодветни цели“, во Македонија и во Црна Гора се потпишани договори вредни околу 31 милион евра.
Од СДСМ, велат дека е точно тоа оти аферата е разоткриена кога на власт била оваа партија и дека затоа се заинтересирани за да се разјасни случајот но и дека исто така е точно оти сознанијата се однесуваат на многу подолг период порано, почнувајќи од контроверзната и проблематична приватизација на Телеком.
Од ВМРО ДПМНЕ пак велат, се е јасно, одговорите треба да се бараат во СДСМ
„Дали скандалот со префрлувањето на 120.000 евра од Телекомот на партиската фирма на ВМРО-ДПМНЕ „АНАЛИТИКО АИ“, во пресрет на изборите 2006 година, а во кој се инволвирани денешните најблиски соработници на премиерот, е дел од оваа афера за перење пари и второ колку оваа афера е поврзана со улогата и потписот на Груевски на приватизацијата на Телекомот во 2001 година?“ Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ.
Имињата веројатно ви се познати и можам да ви ги кажам кој бил член на управниот одбор. Тоа се Дејан Мицковиќ претседател на бордот на директори и Ванчо Узунов, член на бордот на директори.“ Сашо Стефаноски, ВМРО – ДПМНЕ
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448