Понеделник, 06 Септември 2010 20:34

Поради постоење основано сомнение дека се сторители на кривичното дело „ Недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори„ Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против лицата З.М. (37) од Скопје и А.И. (27) од Охрид.
Инспекторите, во вчера, успешно реализирана акција, пронајдоа околу 8 килограми чиста опојна дрога Марихуана спакувана во повеке полиетиленски кеси. Акцијата е изведена во момент на непосреден контакт на двете пријавени лица во близина на гаража во Охрид, сопственост на првопријавениот а која за свои потреби ја користел второ пријавениот од Охрид.
Во текот на акцијата, едно паковање со самолеплива лента е пронајдено во патничко моторно возило марка „Пежо„ со скопски регистарски таблици додека останатите најлон кеси облепени со самолеплива трака се пронајдени во гаражата.
Лицата кои веднаш се приведени, се добро познати на службата како извршители на повеке слични кривични дела поврзани со нелегална трговија со дрога.
З.М. од Скопје условно е осуден со казна од Основен Суд во Скопје во траење од 2 години а условно за 4 години, додека против А.И. од Охрид, до овој момент поднесени се три кривични пријави за неовластен промет со наркотични дроги.

| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448