


Понеделник, 06 Септември 2010 17:22
Македонија

Македонија ќе бара екстрадиција на Лирим Јакупи- Нацист, откако косовската полиција вчера го уапси во стан во Приштина, но неизвесно е дали Косово ќе и го предаде на земјава. За криминалецот кој вкупно во Косово, Македонија и Србија е осуден на повеќе од 80 години затвор, од македонското министерството за правда велат дека чекаат на известување од Интерпол за и официјално да бараат екстрадиција. Но иако Македонија нема договор ваков договор со Косово, од ресорот на Маневски велат:
- „Конкретно за Приштина, досега не постоело никаков проблем околу екстрадиција на лица кои сме ги барале. Екстрадицијата досега се вршела редовно и нормално без никакви компликации. Досега имало и други случаи. Дали тие ќе го предадат тоа е нивна одлука, важно е ние упатиме бара“ - вели Мира Илиева портпарол на министерството правда.
Сепак, Јакупи и досега беше апсен во Косово, па и покрај македонските потерници косовските власти одбиваа да го екстрадириаат во земјава. Објаснувањето беше дека тој прво треба на Косово да одлежи 40 години, за кривични дела на нивната територија. Ставот на косовската полиција е сличен и денеска.
„Процесот на екстрадиција не е надлежност на полицијата туку на министерството за правда. Без оглед на тоа тој беше баран во Р. Косово за бегство од затвор како и за одлежување на казна затвор за кривично дело киднапирање. Сеуште немаме официјално барање за екстрадиција од Македонија“
Од надлежното косовско министерство за правда денеска сепак не добивме одговор- дали и овојпат ќе биде одбиено барањето на Македонија. Инаку Лирим Јакупи во земјава е осуден на 15 години затвор, а се бара и за уште два судски процеси за тешки кривични дела. Во 2004-тата беше ранет при обид за апсење во Тетово, но пребегна во Косово каде беше уапсен и затворен. Во 2007- мата избега од затворот Дубрава и неколку месеци подоцна повторно се судри со македонската полиција во акцијата Планинска Бура во тетовски Бродец, но повторно пребегна на Косово. Според косовските медиуми, во последниве три години живеел во стан во Приштина.