Сабота, 04 Септември 2010 20:34
Како ја испушти Бранко Црвенковски како премиер шансата во деведесеттите години Македонија да се најде во Европската унија? Владеачката ВМРО-ДПМНЕ, преку потпретседателката на Собранието, Светлана Јакимовска, посочи 15 причини поради кои деведесеттите години кога Унгарија, Словачка, Чешка, Полска од посиромашни држави станаа членки на ЕУ, Македонија ги загуби во неповрат:
Прва причина - СДСМ во 1994, далеку од очите на европската јавност, ги фалсификува претседателските и парламентарни избори.
Втора - тепање на граѓаните во Ѓорче, Бит пазар, Тетово.
Трета- во 1994 година вооружени лица упаѓаат во дискотеката Хард рок" и ја демолираат.
Четврта - не постои Закон за јавни набавки, па за сите јавни набавки се одлучува со интерни одлуки на само неколку министри од Владата на Црвенковски, меѓу кои Јане Миљовски и Љубомир Фрчковски и други.
Петта причина - се врши масовна партизација на судството - во 1996 година СДСМ во Собранието, без присуство на опозиција ги избира сите судии.
Шестта - во 1995 година се случува атентат на претседателот Киро Глигоров, власта не прави ништо за да го разјасни обидот за овој атентат. Седма во 1996 година Владата на СДСМ и Црвенковски го донесе Законот за приватизација на државниот капитал во претпријатијата, со кој се предвидуваа попусти за продажба на државниот капитал. 200.000 граѓани останаа без работа.
Осма - во 1997 година Љубомир Фрчковски склучува зделки со ЗУС за набавка на јавни документи, Министерството е оштетено за 30 милиони марки.
Деветта - Црвенковски пропушти милионска инвестиција на гигантот АУДИ, кој сакаше да инвестира во Македонија. Десетта - во 1997 година се врши роднинска распределба на фри шопови - милионски бизнис во кој меѓу среќните добитници се братот на Фрчковски и сопругот на Ленче Софрониевска.
Единаесетто - партиски контролиран шверц на цигари и нафта со Србија, вреден над две милијарди долари.
Дванаесетто - афера ТАТ - пропаднаа повеќе од 100 милиони марки влогови на над 12.000 штедачи. Како резултат на оваа афера имаше стотина самоубиства на измамени штедачи.
Тринаесетта - во 1997 година од депото на МВР во време кога Томислав Чокревски е министер за внатрешни работи, а Бранко Црвенковски премиер, исчезнуваат 28 килограми кокаин.
Четиринаесетта - стапката на невработеност расте на 37, 5 отсто. Сиромаштијата расте, а само неколкумина блиски до СДСМ енормно се богатат. Во 1998 година завршени се 97 отсто од криминалната приватизација. Општествениот капитал е криминално раскрчмен, далеку од очите на светската и европска јавност.
Затворени се фабриките: Железарница, Стакларница, Кожарница, Циглана, Центро, Славија, Југомак, Југохром, Алумина, Пелагонија, Македонка, Македонија Табак, Едтко, Отекс, Тутунски комбинат и стотици други фирми.
Петнаесетта - во 1998 година СДСМ не поднесе апликација за членство во ЕУ. СДСМ врати - претпоставуваме дека Светлана Јакимовска се придружи на списокот на ноторни лажговци и идиоти. И ја прашуваме дали е информирана што се случи во четвртокот во 19:45 часот во Општина Аеродром. Четири години откако Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се на власт. (Б.З.)
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448