Сабота, 04 Септември 2010 20:25
По повод 5-ти септември, годишнината од бродската катастрофа во која трагично ги загубија животите 15 граѓани на Р.Бугарија, општина Охрид заедно со Здружението на граѓани "5-ти септември" од Охрид, ротари клубот "Пирдоп" од Р.Бугарија и ротари клубот "Охрид", достојно ќе го одбележи овој трагичен настан.
Со почеток во 10 часот во црквата „Св. Никола – Геракомија“ ќе се одржи црковен помен за трагично загинатите. Во ресторанот "Далга“ во 14:30 часот ќе пристигнат членовите на семејствата на загинатите и градоначалниците на градовите Пирдоп и Антов од Република Бугарија.
На местото на трагичниот настан, плажата Елешец, градоначалниците на Охрид, Пирдоп и Антов ќе им оддадат почит на загинатите бугарски туристи.
Делегации на Локалната самоуправа и Советот на општина Охрид, Здружението на граѓани "5 – ти септември“ , ротари клубот "Пирдоп" од Р. Бугарија и ротари клубот „Охрид“ од Р. Македонија ќе положат свежо цвеќе на Спомен – плочата на жртвите на бродската трагедија во паркот спроти угостителското училиште "Ванчо Питошески".
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448