Банер
Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: ВМРО –НП комплетно помина во ВМРО-ДПМНЕ (Сабота, 04 Февруари 2012 21:18)
Флеш Вести: Во Скопје Украдени 60.000 евра од автомобил (Петок, 03 Февруари 2012 17:39)
Флеш Вести: Најавени протести пред Општина Охрид (Петок, 03 Февруари 2012 14:22)
Флеш Вести: Почина новинарката на „Дневник“ Натали Сотировска (Среда, 01 Февруари 2012 18:53)

By A Web Design

Македонија трпи непоправлива штета од грешките во 1990-те

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Деведесетите години е период кога беа направени големи штети, а испуштените шанси не може да се надоместат, рече во саботата премиерот Груевски Според премиерот Никола Груевски, смета дека грешките направени во 1990-те години беа од стратешки карактер со последици коишто се чувствуваат до денес „Моделот на приватизацијата не може да се поправи.

Обезвреднет е капитал од околу пет милијарди евра, испуштени се од работа околу 200 илјади работници, пропуштена е можноста за влез на странски инвестиции, а компаниите се дадени на локални менаџери блиски до тогашната власт кои незнаеја добро да работат.

Уште 20 години ќе ги чувствуваме последиците од погрешните чекори за време на транзицијата“, изјави Груевски коментирајќи ја политичката дебата околку 90-тите години.

Ви однос критиките од страна СДСМ за вчерашниот отчет на Владата, премиерот истакна дека не слушнал ништо суштинско од опозицијата освен тоа како изгледал и дали му затреперил гласот.

Тоа од една страна ми говори дека СДСМ нема ни што да кажат, а од друга страна дека опозицијата нема силен капацитет, што мене ми дава поголема сила да продолжиме со реализирање на проектите, изјави Груевски и додаде дека засега се работи за скратена верзија на отчетот, но се очекува наскоро да излезе во долга верзија во печатена и електронска форма.

Според премиерот Груевски работењето на Антикорупцкиската комисија воопшто не е загрозено и оти таа пред ребалансот на Буџетот имаше 65 отсто повеќе пари предвидени за годинава, отколку што добиваше во време кога СДСМ беше на власт.

- По ребалансот има до 50 отсто повеќе средства отколку што добиваа за време на владеењето на СДСМ. Доколку не сум во право ја повикувам Антикорупциската комисија институционално да се обрати до Владата и ќе најдеме начин да го решиме проблемот. Ние секако нема да ги оставиме без средства за работа, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање на обвинувањата на Антикорупциската комисија дека нема доволно средства за работа.

Тој потврди дека насокоро се очекува средба со раководството на Антикорупциската комисија.

Во однос на позитивните оценки од организацијата „ГРЕКО“ наменети за подобрување на состојбата со корупцијата во земјава, Груевски рече дека потезите на Владата во минатите години донеле до значително подобрување на борбата со корупцијата.

- Драстично е зголемем бројот на судски пресуди за дела поврзани со криминал и корупција и од тој аспект се покажува дека земјата има создаден ефикасен систем што нас не охрабрува да продолжиме со посилно темпо, додаде премиерот Груевски.

Премиерот Никола Груевски за завчерашното убиство изрази надеж дека е немил настан кој повеќе нема да се повтори.

- Такви убиства се случуваат во сите држави, но ќе правиме се што е во наша моќ да ги спречуваме. Правиме многу напори да ги подобриме состојбите во полицијата, осносно драстично се подобруваат процедурите за прием на нови членови на МВР и убеден сум дека и натаму ќе продолжиме со исто темпо, рече Груевски по пуштањето во употреба на локалниот пат од село Визбегово до Качанички пат.

На новинарско прашање дали е загрижен за неговата лична безбедност, премиерот истакна дека генерално не е загрижен.

Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

-Вести-

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга