Банер
Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: Мендух Тачи направил сообраќајна несреќа (Вторник, 07 Февруари 2012 20:06)
Флеш Вести: Граѓански акции за расчистување на снегот во Скопје (Вторник, 07 Февруари 2012 16:33)
Флеш Вести: ВМРО-Обединета преминува во ВМРО-ДПМНЕ (Понеделник, 06 Февруари 2012 17:41)
Флеш Вести: Пронајден машки труп во близина на патот Кичево-Охрид (Недела, 05 Февруари 2012 15:51)

By A Web Design

Ребалансот не ја загрозува работата на Антикорупциска

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Скратувањето на средствата за Комисијата за антикорупција не ја загрозува работата на оваа институција, изјави премиерот Никола Груевски, повикувајќи го претседателот на Комисијата за сите проблеми да се обрати во владата на институционален начин, а не преку медиумите. Груевски исто така рече дека од Комисијата за антикорупција до сега не примил ниту една жалба.

„По ребалансот има до 50 отсто повеќе средства отколку што добиваа за време на владеењето на СДСМ. Доколку не сум во право ја повикувам Антикорупциската комисија институционално да се обрати до Владата и ќе најдеме начин да го решиме проблемот. Ние секако нема да ги оставиме без средства за работа“, рече Груевски.

Овие тврдења ги отфрли првиот човек на Комисијата за антикорупција, Илми Селами истакнувајќи дека за оваа проблематика е информирано министерството за финансии и Владата, пред и по реализирањето на ребалансот на буџетот.

“Ваквата изјава на премиерот би ја нарекол само обид од разните политички центри во земјава каде се обидуваат Комисијата да ја внесат во спорови на секојдневната политика. Фактите говорат поинаку, пред да се случи ребалансот, скратувањето на буџетот, три пати со службено писмо и за тоа имаме документација, со факти можеме да докажеме такво нешто, дека сме се обратиле до министерството за финансии, еднаш сме се обратиле на владата“, тврди Селами.

Според Груевски, средствата кои се доделуваат на Комисијата за антикорупција се двојно повеќе отколку во времето кога на власт беше СДСМ, но според Селами од тогаш до сега состојбата е променета бидејќи бил зголемен и бројот на вработени и дека сега оваа Комисија освен што го спроведувала законот за спречување корупција, го спроведува и законот за спречување на конфликт на интереси.

Од Комисијата за антикорупција побарале средба со премиерот во врска со измените на законот за антикорупција со кој се предвидува скратување на мандатот на членовите на оваа Комисија од 5 на 4 години и скратување на буџетските фондови.

Груевски рече дека средбата ќе се одржи, но не го прецизираше датумот на одржувањето на средбата.
Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

-Вести-

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга