Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: Мендух Тачи направил сообраќајна несреќа (Вторник, 07 Февруари 2012 20:06)
Флеш Вести: Граѓански акции за расчистување на снегот во Скопје (Вторник, 07 Февруари 2012 16:33)
Флеш Вести: ВМРО-Обединета преминува во ВМРО-ДПМНЕ (Понеделник, 06 Февруари 2012 17:41)
Флеш Вести: Пронајден машки труп во близина на патот Кичево-Охрид (Недела, 05 Февруари 2012 15:51)

By A Web Design

СДСМ бара оставка од министерката

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

СДСМ вчера обвини дека Македонија станала каубојска држава во текот на четиригодишното владеење на Никола Груевски и дека убиствата станале секојдневие.

Токму затоа тие побараа оставка од министерката Јанкуловска Среде Скопје во период кога има врвулица од граѓани и во близина на група тинејџери како во мафијашки филм се случи ладнокрвно убиство во кое беа убиени тројца, од кои еден вработен во МВР, телохранител на министерката Гордана Јанкуловска и баџанак на шефот на обезбедувањето на премиерот. Замислете тој седел во ресторан со двајца дилери на дрога.

Еден од нив бил Јордан Јорданов со прекар ‘Ркулот член на таканаречената Франкфуртска мафија - рече Андреј Петров. Од СДСМ прашуваат што барал вработен во Шестата управа на МВР, задолжен да се грижи за безбедноста на министерката Јанкуловска, да седи со двајца дилери на дрога?

- Дали е нормално полициски функционери да ручаат со дилери на дрога? Или можеби, баџанакот на шефот на обезбедувањето на премиерот, договарал некаков бизнис со нив? Безредието и хаосот почнаа да заземаат невидени размери. Вчерашното убиство претставува потврда дека во Македонија веќе никој не е безбеден.

Повеќе од се', докажа дека во овие четири години на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, криминалот и власта одат рака под рака. Затоа, најмалку што може да стори министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е веднаш да си поднесе оставка - рече Петров.

Јанкуловска вчера рече дека безбедносната состојба во државата е стабилна и мирна и нема сознанија кои одат во насока дека постои опасност за дестабилизација или нарушување.

- Вакви инциденти се случуваат и во други држави. Важно е што полицијата навремено реагира и ургентно ги расчистува настаните. Овој настан е расчистен за помалку од 24 часа - изјави Јанкулоска. Според Јанкуловска, МВР ги презема сите мерки и активности за расчистување на случаите за да не останат отворени прашања што ќе влијаат на негативна атмосфера поврзана со безбедноста во земјата бидејќи сите индикатори говорат дека безбедносната состојба во Република Македонија долго е непроменета.

Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

-Вести-

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга