Четврток, 02 Септември 2010 19:16

Да покажеме дека во Македонија секогаш се живеело заедно и така ќе се живее во иднина, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов од ифтарската вечера во дебарското муфтивство
Во средата навечер Претседателот Ѓорге Иванов присуствуваше на ифтарска вечера во Дебар, заедно со претседателот на Исламската верска заедница, реис ул улема ефенди Сулејман Реџепи, со градоначалниците на соседните и други градови од Македонија, пограничиот албански град Пешкопеа, претставници на МПЦ и старешините на дебарското муфтиство и на дебарската парохија.
„Навистина ми е чест да бидеме тука во Дебар, градот кој што има стара традиција за гостопримство.
Заради тоа во разговорот со претседателот на државата, дебарското муфиство го избравме за наш домаќин на ифтарска вечер на Претседателот, што станува традиција која ја почнавме лани од Гостивар и ќе ја продолжиме и наредните години“, порача Реџепи.
Дебарскиот муфтија Ружди Љата потврди дека соживотот и вековната верска толеранција се одлики на Дебар.
Заблагодарувајќи се на гостопримството претседателот Иванов рече дека Дебар од секогаш бил пример како луѓето живеат сплотено.„Рамазан е месец посветен на милосрдието, на помош на луѓето на кои треба да им се подаде рака. Еден месец во кој не мислиме само на себе и на нашите потреби, туку сме повикани да мислиме и на другите.

Се надевам дека ќе успееме да научиме да мислиме на нашите соседи, роднини и пријатели и во другите месеци“, порача Иванов.
Претседателот Иванов претходно го посети седиштето на дебарската парохија во црквата „Света Петка“ каде го пречека намесникот Благоја Спироски, имаше куса средба со градоначалникот Аргетим Фида, а ја посети и новата Сааткула-џамија.

| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448