Среда, 01 Септември 2010 19:43
Црвенковски на прес конференција со новинарите рече дека секој што тврди оти во 1994, 1995, 1996, 1997 или било која наредна година кога СДСМ бил на власт, им била дадена понуда за членствово НАТО и преговори со ЕУ под привремената референца, а тие ја одбиле, е ноторен лажго или тотален идиот.
-Ве молам прецизно да запишете и да пренесете: ноторен лажго или тотален идиот - додаде лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски во своето обраќање.
Ваквото тврдење е пропаганден проект што нема логика, рече тој.
Црвенковски побара да се проверат архивите во Владата, Претседателот на државата и во Министерството за надворешни работи за да се утврди веродостојноста на тврдењето.
Антонио Милошоски, македонскиот шеф на дипломатијата, смета дека ваквата изјава се однесува и на европратеникот Бернд Поселт, кој во Македонија изјави дека опозицијата не смее да оди во Брисел и да ја кодоши власта, туку треба да работи во интерес на својата земја.
- Ваквите навреди изнесени од страна на Црвенковски кон пратеникот Поселт, повеќе зборува за политичката некултура на Црвенковски отколку за пријателите на Македонија кои се залагаат во ЕП ние да го добиеме заслуженото внимание. Некои политичари во Македонија својата надменост и недостаток од аргументи се обидуваат да го компензираат со навреди кон други. Црвенковски со таквите изјави навредува еден човек, пратеник, германски политичар кој 16 години ја добива довербата од гласачите кои ги претставува во ЕП и кој е еден од најистканатите пријатели на земјава кој во секој свој настап се залага Макеоднија да ги започне преговорите за полноправно челнство во ЕУ - изјави Милошоски.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448