Среда, 01 Септември 2010 19:18
Деведесет километри долгиот пат по вода од Струга преку Охрид, Свети Наум, Подградец и Лин во соседна Албанија и повторно назад до Струга по Охридското езеро, на 8 септември за Денот на независноста на Македонија, се подготвува да го помине стружанецот Ристо Чуркоски.
Тоа ќе го стори, не со брод или чамец, туку со кајак. Идејата е да се упати и силна политичка порака за зближување на двата народа.
„Овој подвиг нека биде поттик за подобра соработка. Потребна е соработка особено помеѓу младите од двете земји. Многу малку го користиме нашето езеро за жал. Ваково езеро со вака чиста вода и убавина и надморска височина ретко може да се најде во светот.
Езерото да го поминеш со кајак е друга порака“ вели Чуркоски.
Имено, пораката и идејата е од Охридското езеро да се направи своевиден балкански Ла Манш, по урнекот на овој морски канал меѓу Франција и Велика Британија. Чуркоски планира од наредната година да се организираат и маратонски трки со кајак по истата оваа маршута со учество и на врвни светски кајакари.
„Планираме ова да стане една традиција и Охриското езеро да го направиме Ла Манш за кајакарите, да биде предизвик да го извеслаат езерото како што е предизвик за пливачите Ла Манш.
Сакаме да направиме наредната година промотивна регата каде не би било проблем да се извесла езерото“
Во текот на целиот ден Ристо ќе го придружуваат од три помали бротчиња каде ќе има медицинска екипа и физиотерапевт. Сака овој спорт да го афирмира и во Албанија. Силна поддршка за идејата веќе добил и од градоначалниците на трите крајезерски града, односно Охрид, Струга и Подградец.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448