Банер
Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: Пронајден машки труп во близина на патот Кичево-Охрид (Недела, 05 Февруари 2012 15:51)
Флеш Вести: ВМРО –НП комплетно помина во ВМРО-ДПМНЕ (Сабота, 04 Февруари 2012 21:18)
Флеш Вести: Во Скопје Украдени 60.000 евра од автомобил (Петок, 03 Февруари 2012 17:39)
Флеш Вести: Најавени протести пред Општина Охрид (Петок, 03 Февруари 2012 14:22)
Флеш Вести: Почина новинарката на „Дневник“ Натали Сотировска (Среда, 01 Февруари 2012 18:53)

By A Web Design

Позициите на Атина не оставаат простор за надеж

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Македонија смета дека во нејзин интерес е што поскоро да се надмине спорот со името, но максималистичктие барања на Атина не иставаат простор за големи очекувања, рече шефот на македонската допломатија одгварајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција во ВМРО-ДПМНЕ

„Ние се обидуваме да бидеме што е можно попосветени попрагматични и да се заложиме најмногу што можеме за надминување на овој грчко–македонски билатерален спор. Тоа го правевме и во периодот изминат зад нас и ќе го правиме во времето што ни претстои.

Од наша страна цениме дека во интерес на Македонија е што поскоро овој спор да се надмине, но, за жал, максималистичките позиции и барања на Грција кои се уште не еволуирале во својата суштина. не оставаат некој голем простор за некои нереални очекувања“, рече македонскиот министер за надворешни работи Антонијо Милошоски, одогварајќи на новинарско прашање дали постојат шанси да се реши спорот со името до самитот на НАТО во септември.
Милошоски додаде дека во септември за време на Генералното собрание на ОН, во Њујорк македонската делегација ќе се сретне со посредникот Метју Нимиц и ќе му ги изложи уште еднаш нејзините ставови, како што рече, „ќе го поттикне за негова посилна динамика по однос на ова македонско–грчко билатерално прашање“.

Шефот на диплоамтијата смета дека тоа ќе биде дополнителен поттик за посредникот Нимиц да направи одредени проценки и да излезе со одредени сугестии и размислувања или идеи.

Притоа Милошоски нагласи дека засега нема некои конкретни најави за нвои идие, ниту дека има најава за заеднички средби, но и дека не е исклучено таквите средби да се случат, доколку се создадат такви можности.

Министерот Милошоски од новианрите беше прашан и дали медијаторот Метју Нимиц може да предложи нов модел за решавање на спорот, и дали се се уште во игра Северна и Вардарска Македонија, на што одговори дека тоа се прашање треба да му се упати на Нимиц.
„Не би шпекулирал со имиња кои се протежирани од страна на Република Грција, но сепак во надлежноста на амбасадорот Метју Нимиц е да ја утврдува агендата и динамиката на решавање на овај билатерален спор и можеби излегувањето со одредени сугестии“, рече Милошоски.

Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

-Вести-

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга