Вторник, 31 Август 2010 20:57
Со интервенција на специјалните полициски сили на МВР вечерва околу 19 часот е ставена под контрола заложничката драма во семејството на Борче и Марија Ангеловски и нивниот син, четириесетгодишниот Сашо Ангеловски, во строгиот центар на Битола.
- Заложничката драма е ставена под контрола и нема жртви.
Интервенцијата беше спроведена по претходна дојава за истрели од огнено оружје. Стручни лица ги вршат вообичаените процедури за утврдување на причините за овој немил настан. Сообраќајот во центарот на градот е нормализиран, а жителите од ламелата број 5 непречено влегуваат и излегуваат од своите станови, изјави Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР-Битола.
Портпаролот Стрезовски повеќе детали за денешната заложничка драма во Битола најави за утре, кога се очекува да биде закажана прес конференција.
Семејната заложничка драма се случи околу пладне во станот на семејството Ангеловски во зградата „Грозд“ на улица „Јосиф Јосифовски-Свештарот“ во Битола, каде синот Сашо во заложништво ги држеше своите родители, таткото Борче и мајката Марија
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448