Вторник, 31 Август 2010 20:04
МУЗИКАТА Е МОЈАТА ОПРЕДЕЛБА
“Минатата година на Охрид Фест настапив само во вечер на дебитантите и немав среќа да влезам во поп вечерта со песната “Летај со мене“ за која јас го напишав текстот, а музиката и аранжманот беше на Билбилов“ – изјави 24 годишната Кумановчанка Слаѓана Стефановска – Слади.
Веќе 8 години живее и студира во Германија на универзитетот “Јустус Либег“ во Гисен, а живее во Штутгард музикологија.
“ Ова е факт дека сум се определила моја иднина да биде музиката и за таа цел после Охрид фест минатата година настапив и на Мак Фест со “Несакам да знам“ кога и ја направив првата соработка со Дојчин, автор во кој многу верувам.“
Сама ги поминува лавиринтите на животот, затоа покрај тоа што студира и работи за може да заштеди и да вложи во својата кариера.
“Работам за покривање на трошоците за студиите но и нешто да остане за да можам да дојдам во Македонија да се претставам на нашата публика. За таа цел и оваа година настапив на Охрид Фест, кога имав повеќе среќа и според мене поквалитетна песна од минатата година па се пласирав во поп вечерта. Презадоволна бев од изведбата на “Вети ми“ и она што за мене беше најбитно е дека според гласовите на публиката бев на четвртото место. Изведов песна во рок стил полна се енергија посебно во поп вечерта. Секако дека ќе дојдам пак на Охрид фест затоа што за мене ова е нај реномираниот фестивал во Македонија. Овдека пеачите не се промовираат само во Македонија ами низ целиот свет.“
И не само песната има и други причини за Слади да ја гледаме на Охрид фест: “ Дружењето. Организацијата. Неможам ни сама да опишам како се чувствував тие четири денови. Бев опкружена со прекрасна атмосвера која верувајте сеуште ми недостасува. Прекрасни луѓе, дружба со колегите, а никаде на светот организаторите на посветуваат толку внимание на учесниците за да не им фали ништо. Со еден збор бајка.“
До година очекува да ги заврши започнетите студии а после нив: “ Доаѓам повторно на Охрид фест и планирам да останам подолг период во Македонија и во план ми е да го издадам мојот прв албум на кој ќе се работи чекор по чекор. А екипата со која ќе го работам.....ајде некаде остане засега тајна“- ни рече шармантнтата Слади која ги поминува последните денови од нејзиниот одмор во родното Куманово пред да се врати ви Германија.

| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448