Понеделник, 30 Август 2010 18:55
Братот на убиениот српски турист бара целосно расветлување на случајот. Ненад Новаковиќ жали што полицијата не реагирала навреме за да спречи неговиот брат Дејан да биде смртно претепан.
„Видовте што се случи. Јас би сакал тоа повеќе да не се повтори. Барам од вашето обвинителство и од полицијата до крај да го расветли случајот. Не треба поради ова да постои никакво нетрпение помеѓу Македонија и Србија. Се надевам дека ако се обелоденат причините за убиството на мојот брат, наредната година во Охрид пак да има многу туристи од Србија.
Се чудам како полицијата не беше таа вечер на местото на случувањата и не знам зошто немаше полиција во тој момент. Не знам која е позадината и зошто дојде до ова. Јас лично повеќе не размислувам да дојдам во Охрид затоа што овој град секогаш ќе ме потсетува на она што му се случи на мојот брат.“
Охридскиот суд денеска беше под силно полициско обезедување. Другарот на Дејан кој спаси жива глава ги препознаваше седумтемина осомничени за инцидентот. Градоначалникот на Охрид, Александар Петревски побара МВР под итно да преземе мерки за дисциплионирање на луѓето кои подолго време ги тероризираат граѓаните и туристите.

Ненад Новакович (братот на убиениот Дејан)
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448