Банер
Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: Мендух Тачи направил сообраќајна несреќа (Вторник, 07 Февруари 2012 20:06)
Флеш Вести: Граѓански акции за расчистување на снегот во Скопје (Вторник, 07 Февруари 2012 16:33)
Флеш Вести: ВМРО-Обединета преминува во ВМРО-ДПМНЕ (Понеделник, 06 Февруари 2012 17:41)
Флеш Вести: Пронајден машки труп во близина на патот Кичево-Охрид (Недела, 05 Февруари 2012 15:51)

By A Web Design

Две третини од Македонците сметаат дека членството во ЕУ е позитивно

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Според последната анкета на Евробарометар, за 60 отсто од Македонците членството во ЕУ е добро, за 73 е корисно, а 11 проценти сметаат дека е лошо. Неопределени се околу 27 отсто.

Бројот на оние што сметаат дека евроинтеграцијата е добра е помал за шест проценти во однос на минатата година, а на тие со спротивно мислење е зголемен за два отсто. Иако има намалување од три отсто, бројот на оние кои веруваат дека членството во ЕУ ќе и донесе корист на земјата е 73 отсто.

Во однос на економската состојба, 76% од испитаниците сметаат дека е лоша, а добра е за 23 отсто од Македонците.

Она што најмногу ги загрижува и Македонците но и граѓаните на ЕУ се невработеноста и економската ситуација. Невработеноста како најголем проблем ја посочиле 63 отсто од македонските граѓани и 46 отсто од жителите на ЕУ. Економската состојба, пак, ги загрижува 46 од Македонците од 40 отсто од граѓаните на ЕУ.

Ист процент 24 и од граѓаните на Македонија и од жителите на ЕУ се надеваат на подобрување во наредните 12 месеци, по 35 сметаат дека ситуацијата ќе остане иста, а по 36 отсто очекуваат влошување.

Околу 75 отсто и од Македонците и од жителите на ЕУ сметаат дека се неопходни дополнителни реформски мерки за надминување на кризата. Над половина од македонскиет граѓани (56 отсто) се подготвени одреден период да живеат полошо доколку тоа донесе повисок стандард за следните генерации. Тој процент во ЕУ изнесува 46.

Истражувањето што деновиве го објави Европската комисија е спроведено од 5-ти до 28-ми мај годинава во 27-те членки на ЕУ, во земјите-кандидати за членство Хрватска, Македонија Турција и Исланд, како и во турскиот дел на Кипар. Со анкетата во Македонија биле опфатени 1.048 лица
Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

-Вести-

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга