Четврток, 26 Август 2010 22:20
Свежи цвеќиња на местото каде се родила пред еден век, зборови полни со љубов и добрина за нејзиниот живот и за нејзиното хуманитарно дело.
На овој начин се одбележа 100 годишнината од раѓањето на скопјанката, Гонџа Бојаџиу или Мајка Тереза.
“Светот не е гладен само за леб туку и за уште повеќе љубов,, со најпозната изрека на мајка Тереза денеска Македонија одбележува 100 години од нејзиното раѓање .
Пред спомен куќата на мајка Tереза претседателот Ѓорѓе Иванов,голем број министри ,пратеници,дипломати положија свежо цвеќе.На писателот Халил Зенеди и на Олга Јотовска доктор педијатар им беше врачена државна награда мајка Тереза.
-Мајка Тереза беше и останува пример за несебична посветеност на хуманоста. Нејзината животна посветеност и грижата за сиромашните, болните, обесправените ја става во редот на најголемите хуманисти во човековата историја, а секако најголем хуманист на дваесеттиот век-изјави претседателот на Собранието Велјановски.
Мајка Тереза е родена 27 вагуст 1910 година .Од десетгодишна возраст се посветува на верата .По две години одлучува да живее како калуѓерка .На едно од бројните патувања низ милионискиот град Калкута Бојаџиу го почуствувала божјиот повик да им помага на сиромашните. Се грижеше за лица пред смрт,сирачиња и болни но посебно внимание посветуваше на болните од лепра .За нејзиното несебично дело Бојаџиу доби голем број на награди ,најзначајна е нобеловата награда за мир од 1979 година .Таа почина 5 септември 1997 година .Папата Јован Павле втори ја прогласи за светец давајќи и ја титулата ,,блажена,,. Малата жена со големо срце и хумана душа вели светот не е гладен само за леб туку и за уште повеќе љубов.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448