Вторник, 24 Август 2010 18:42
Остатокот од 12-годишната затворска казна, единствениот македонски осуденик за воени злосторства од воениот конфликт во 2001-та, Јохан Тарчуловски ќе ја отслужи во Германија.
Ваквата одлука ја донел претседателот на Трибуналот, Патрик Робинсон.
Ова значи дека Тарчуловски, нема да остане во затворот во Шевенинген во Холандија, туку ќе биде префрлен во затвор во Германија.
Хашкиот трибунал го прогласи Тарчуловски за виновен во јули 2008 година затоа што командувал и ја планирал полициската акција во село Љуботен кога беа убиени тројца цивили етнички Албанци.
Трибуналот го прогласи за виновен и за сурово постапување како и за уништување на куќите и имотот на уште 13 етнички Албанци во истата полициска акција.
Во мај годинава Трибуналот ја потврди вината и затворската казна на Тарчуловски.
Јохан Тарчуловски беше екстрадиран во Хаг во март 2005 г. на барање на Трибуналот, а во затвор треба да остане уште седум години.
Тарчуловски може да бара помилување откако ќе одлежи две третини од казната, односно најрано за три години.
Хашкиот трибунал не ја потврди информацијата дека претседателот на Судот донел одлука Јохан Тарчуловски да ја издржува казната во друг затвор, односно да биде префрлен во друга држава.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448