Вторник, 24 Август 2010 18:14
Рано утрото на мостот Гоце Делчев беа поставени два од четирите лава.
Високи се 5 метри, тешки пет тона и вредни милион евра. Поставувањето на лавовите, причина, повторно да се отвори прашањето за проектот Скопје 2014 та. Од опозициската СДСМ велат дека само со овие два лава Владата можела да им го реши проблемот на млекарите или да се реновираат две болници.
Одговорот од ВМРО ДПМНЕ стандарден – партијата градела, а не уривала, како што правеле претходниците. Додека статуите и спомениците на македонските личности продолжуваат да излегуваат на виделина, албанските фигури никаде не се гледаат.
Авторот Дејан Дуковски рече дека на постаментите недостигаат уште релјефите за тие да бидат целосно готови.
„Лавовите се пет метри високи и пет тони тешки, а се поставени на постаменти со височина од 3,5 метри. Релјефите се скоро готови и тие ќе бидат со мотиви од ајдутството и комитството. На нив ќе има вкрстени нож и револвер кои се симболи на знамињата од тој период“, вели Дуковски.
Тој додаде и дека на релјефите ќе бидат испишани имињата на хероите кои немаат свои скулптури како што се Сирма Војвода, Дедо Иљо Малешевски, Димитар Поп-Георгиев Беровски, Питу Гули, Васил Чакаларов, Панде Кљашев, Партение Зографски и Григор Прличев.
Од општината Центар пред извесно време потврдија дека од ДУИ ги добиле барањата, на плоштадот Македонија да се постават спомениците на Пјетр Богдани, Јосиф Багери и Неџат Аголи. Се очекува барањата да бидат разгледани во септември.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448