


Понеделник, 23 Август 2010 14:19
Македонија

Македонија и Грција ги очекуваат важни разговори во септември во Њујорк, пишува грчкиот весник “Македонија“. Весникот повикувајќи се на дипломатски извори од Запад пишува дека постојат одлични услови за напредок, а инвловираните страни ќе разговараат во присуство на Генералниот секретар на Обединетите Нации и американски дипломати.
“Македонија“ наведува дека и покрај општоприфатеното мислење дека постои затишје околу потенцијалното име Република Вардарска Македонија, сепак зад сцената се прават најразлични комбинации за ова име да биде и предлог од медијаторот во спорот за името Метју Нимиц.
Солунскиот весник, исто така, пишува дека постојат мислења дека најважно во моментов е да се најде заедничко прифатливо решение за името, а потоа да се преговара за употребата на истото.