Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: Мендух Тачи направил сообраќајна несреќа (Вторник, 07 Февруари 2012 20:06)
Флеш Вести: Граѓански акции за расчистување на снегот во Скопје (Вторник, 07 Февруари 2012 16:33)
Флеш Вести: ВМРО-Обединета преминува во ВМРО-ДПМНЕ (Понеделник, 06 Февруари 2012 17:41)
Флеш Вести: Пронајден машки труп во близина на патот Кичево-Охрид (Недела, 05 Февруари 2012 15:51)

By A Web Design

Промената на името на државата би бил меѓународен преседан

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Иванов

Прашањето околу уставното име на Република Македонија бара исклучителна трпеливост и внимателност, оттаму што нам ни се наложува што поскоро да се изнајде решение, како предуслов за евроатлантските интеграции, што воопшто не било предвидено со привремената спогодба со соседна Грција од 1995 година, рече претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов на денешната средба со новинарите во резиденцијата „Билјана „во Охрид.

Иванов на брифингот со новинарите ја нагласи сложеноста на проблемот, оттаму што сите притисоци се вршат исклучително врз македонската страна, која и предлага иницијативи и средби со грчкото политичко раководство, а истовремно соседната држава прибира политички поени како конструктивен партнер во „разговорите“.

Според македонскиот претседател, решението за проблемот е во надминување на недовербата на сите нивота на живеењето на овие простори, а во тој контекст и односите меѓу народите на двете соседни држави.

Довербата меѓу обичните граѓани бележи напредок, што не е случај со политичарите, оценува Иванов, притоа нагласувајќи дека за една година колку што е на фнкцијата претседател на државата, во неколку наврати јавно го повикал неговиот грчки колега на средба, на која, како што вели, можеби не би се нашло решение за прашањето околу името, но секако би била добра порака во насока на подобрување на севкупните односи меѓу народите и политичките раководства на двете земји.

Иванов притоа укажа на пропустите на македонската дипломатија во минатото, при што се повика на разговор со европратеничката Дорис Пак, од која добил информација дека Македонија ја отфрла понудата во 1995 година да отпочне интеграциски процеси за членство во НАТО и ЕУ под привремната референца.

Според Иванов, Грција ги крши одредбите од тогашната спогодба, дека нема да ги попречува евроатлантските интеграции на Република Македонија, посочувајќи дека правно сите адути се на наша страна.

Во контекст на неговите оценки дека не смее да се избрзува со какво било решение за прашањето, Иванов запраша кои би биле гаранциите од грчка страна дека ќе ги почитува договорот што би произлегол од сегашните преговори кога досегашните искуства го покажуваат спротивното.

Според македонскиот претседател, Македонија е за решение, но оти притоа државата мора да води сметка за своето достоинство, бидејќи не е во прашање само името на државата, туку и идентитетот.

Шефот на македонската држава смета дека промената на името на државата би бил меѓународен преседан, оттаму што такво сценарио отвора можности за силните држави преку принуда и притисоци да го менуваат идентитетот на послабите.

Секои отстапки направени надвор од постојните одредби зацртани во Повелбата на Обединетите нации за прием на нови членки, за Иванов претставуваат сериозна опасност истите да бидат злоупотребени во иднина, како средство за притисок или наметнување нови услови од некои држави за исполнување на најразлични интереси.

За меѓуетничките односи во земјата, во контекст на прашањето околу името, претседателот со уверување дека државата функционира во сите свои сегменти, односно дека граѓаните треба да имаат доверба во институциите на системот.

Иднината на земјата и на поширокиот регион, претседателот Иванов ја гледа во отворање на државите и самите општества, како предуслов за надминување на сегашните состојби на Балканот, оттаму што според него, затвореноста води кон изолација односно генерира конфликтни ситуации. 

 

Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

-Вести-

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга