


Петок, 20 Август 2010 17:56
Македонија

Спорот за името – тема на интерес на две светски познати телевизии. И ќе подготвуваат видео материјали за македонско – грчкиот спор.
Претставничка на ББС веќе неколку дена контактира со професори и експерти во земјава за реализација на документарен филм за спорот за името.
Претставничката на светски познатата телевизија вели дека оваа тема не е адекватно покриена во западните медиуми и оти јавноста треба да се информира што прави Македонија за да се справи со овој проблем.
Таа во вторник ќе се врати во Лондон за да го претстави проектот, а подетални информации за неговата реализација очекува во септември, кога планира да се врати во земјава.
Претходно, и светски познатата телевизија Ал Џезеира на својата веб страница најави реализација на интервју со премиерот Груевски за спорот за името.
Интервјуто е снимено вчера. Во објавениот текст за нерешениот проблем со Грција, Ал Џезеира најавува оти видео материјалот ќе се емитува во следните денови.
Во написот, кој претходи на интервјуто, телевизијата му забележува на Груевски за антиквизацијата на земјата и дека е обвинуван од Грците оти ја краде античката историја за да и даде лажен идентитет на земјата.
Ал Џезеира забележува и дека привременото име ФИРОМ е апсурден и несмасен компромис, кој ја надживеал својата корисност.