Среда, 11 Август 2010 21:19
Големиот рамазански пост за исламските верници почнува денеска и трае 29 дена.
Рамазан Бајрам се празнува на 9 септември.
Светиот месец Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милост, во кој верниците целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела.
Поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) Реис Ул Улема Ефенди Сулејман Реџепи упати пораката до припадниците со исламска вероисповед во која им го честита Рамазан и им посака здравје, бериќет и задоволство, духовен мир, меѓусебно разбирање, братство, толеранција и меѓусебна социјална поткрепа.
- Благословениот Месец Рамазан им го честитам на сите муслимани во земјата и надвор од неа, тоа е месец на постот и саможртвата, потикнати од длабоко верување во единствениот и семоќен Алах. ИВЗ изминатиот период имаше бројни позитивни резултати во својата работа што претставува гаранција дека истата и во наредниот период ќе продолжи во таа насока без оглед што ќе има структури кои ќе посакуваат нејзиниот забрзан развој да го попречуваат, вели во пораката Реис Ул Улема Ефенди Сулејман Реџепи.| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448