Банер
Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: Мендух Тачи направил сообраќајна несреќа (Вторник, 07 Февруари 2012 20:06)
Флеш Вести: Граѓански акции за расчистување на снегот во Скопје (Вторник, 07 Февруари 2012 16:33)
Флеш Вести: ВМРО-Обединета преминува во ВМРО-ДПМНЕ (Понеделник, 06 Февруари 2012 17:41)
Флеш Вести: Пронајден машки труп во близина на патот Кичево-Охрид (Недела, 05 Февруари 2012 15:51)

By A Web Design

Пронајдено телото на удавеното момче

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

По десетчасовна потрага, утрото беше извадено телото на 16 - годишниот Ријад Сулејмани кој вчера доцна попладне се удави во Охридското езеро близу машката плажа во Струга.

Починатото момче било пронајдено 60-ина метри надвор од безбедносната граница за капење, на длабочина од 1,5 метар. Прегледот на телото во струшката општа болница покажал дека нема траги на насилство. Несреќата се случи откако Ријад паднал од педалинка на која бил и неговиот татко. Кобно било тоа што и двајцата биле непливачи.

Трагичниот настан го отвора прашањето со безбедноста на капачите и со исправноста на користењето на пловните објекти. Концесионерот на машката плажа Шефи Речи за Алсат тврди дека неколку пати побарал од охридската капетанија да ги отстрани педалинките, но, од таму се прогласиле за ненадлежни. „Ние секој ден бараме и од капетанијата и од полицијата да се отстранат педалинките поради сите овие случаи.Нас законски ни е забрането овде да имаме педалинки. Меѓутоа, оние кои ги имаат, влегуваат овде.

Надлежните органи засега не преземаат никакви мерки. Ако бараат ред од нас тогаш нека ни помогнат во тоа. Секој ден се јавувам во капетанијата во Охрид“, вели Шефи Речи-концесионер со т.н машка плажа. macedonia-news.info контактираше и со сопствениците на педалинките долж струшкото крајбрежје.

Велат дека ги платиле сите потребни давачки, а институциите одбиваат да им обезбедат соодветни локации за работа. „За 4 педалинки платив 6.000 денари. Зошто ни ги земаат парите? Капетанијата нека се разбере со УЈП.

Треба оние кои даваат дозволи за работење да ни кажат дека треба да има елеци за спасување, каква опрема треба да имаме“, вели еден издавач на педалинки. Според неофицијалните податоци на Охридскиот црвен крст, на целата ривиера има околу 500 педалинки, но, велат дека никој ниту извршил техничка проверка, ниту имал интерес да го регулира ова прашање. Нивната статистика е дека речиси 90 % од несреќите во езерото се случуваат со педалинки.

„Луѓето кои ги земаат педалините се млади луѓе и малолетни. Одат во големи длабочини, носат со себе алкохол. Се качуваат и по 10 луѓе. Оваа сезона имавме случаи 8 педалинки да се дупнат и да потонат. На нив има многу луѓе кои сме ги извлекувале и сме ги спасувале од вода. Треба да се најде решение за да немаме вакви проблеми“, рече Сашо Точков-Црвен Крст.

Од транспорт и врски како одговор го цитираат законот за внатрешна пловидба дека лицата кои се наоѓале на педалини на себе морале да имаат и појаси за спасување и дека Kaпетанијата вршела надзор над сите пловните објекти. Но, барем засега состојбата на терен е сосема поинаква. И концесионерите на плажи и од Црвениот крст велат дека елеци за спасување нема на ниту една педалинка. Стружани прашуваат - Дали треба да се чека нова несреќа за конечно работите да се решат?

Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

-Вести-

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга