Понеделник, 09 Август 2010 05:59

Со четиритонскиот котел во кој се сварени 3.150 литри грав, штипското село Сарчиево се впиша во Гинисовата книга на рекорди.
Судијата на Гинис Тарика Вара официјално објави дека готвачот Љупчо Гиевски и неговата шест члена екипа од хотелот „Александар палас“ го урнаа рекордот во кетегоријата „Најголем котел со зготвен грав“.
- Официјално можам да кажам дека рекордот е урнат. Зготвени се 3.150 литри грав, рече Вара.
Таа на организаторот и ктитор на првата летна црква „Света Петка“, Стојан Давчев, му врачи сертификат за постигнатиот гинисов рекорд.
Давчев изрази задоволство што во неговото родно село денеска пристигнаа околу 10.000 граѓани од цела Македонија за да го пробат гинисовото гравче и да присуствуваат на осветувањето на црквата.
Готвачот Љупчо Гиевски му заблогадари на Давчев за подршката што овозможи соборување на гинисовиот рекод „Најголем котел со зготвен грав“. Тој потенцира дека рецептот е македонски, гравот е зготвен како што го готвеле нашите предци пред 2.000 години.
Првата летна црква „Света Петка“ во селото Сарчиево што ја изгради Давчев беше осветена од поглаварот на МПЦ г. г. Стефан во присуство на митрополитот на Брегалничката епахија г. Иларион и свештонослужители од ерпахијата.
Г. г. Стефан им го честиташе празникот „Света Петка“ на сите граѓани во земјава.
- Имавме редок настан, надградба на светилиште кое нашите постари го изградиле некогаш, а денеска семејството на господинот Давчев изгради еден параклис. Овој пример ќе делува поучно, дека не треба да ги забораваме корените, туку почесто да доаѓаме, бидејќи без нив не можеме да израснеме, рече г.г Стефан.
Во Сарчиево присуствуваа околу 10.000 граѓани

| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448