Недела, 08 Август 2010 19:39
Еден полицаец е убиен рано изутрината во Крушево од негов сограѓанин. Според првичните сознанија на полицијата причина за убиството е повеќегодишна крајна нетрпеливост.
Триесетидеветгодишниот полицаец од Крушево Кристијан Ѓорѓиески бил убиен рано изутрината од страна на 45-годишниот сограѓанин Перо Галиман. На убиството му претходела вербнална расправија која се случила во месноста Гумење, каде се одржувала свеченост.
Како што информира портпаролот на СВР Битола Ѓоко Стрезовски, по вербалната расправија двајцата си заминале, но рано изутрината околу 3 часот, полицаецот Ѓорѓиоски се појавил пред домот на Галиман со секира во раката.
- Галиман бил на терасата од својот дом кога го забележал Кристијан како со секира во раката се упатил кон него и плашејќи се за својот живот, од терасата го застрелал со пиштол марка „Црвена Застава“, вели Стрезовски додавајќи дека убиецот признал дека го извршил убиството.
Полицаецот бил застрелан со еден куршум во пределот на главата, а смртта кај него ја констатирал дежурен лекар од крушевскиот Здравствен дом. До телото на убиениот Ѓорѓиески се пронајдени една секира со дрвена рачка и зрно од куршум со калибар 9 милиметри.
По документирањето на настанот се очекува против Галиман да биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение дека е сторител на кривично дело убиство, по што ќе биде изведен пред истражен судија, кој се очекува да му определи мерка притвор.
Истрагата треба да ги открие мотивите за убиството кое било кулминација на долгогодишната нетрпеливост меѓу убиениот собраќаен полицаец Ѓорѓиески и осомничениот за убиството Галиман. Тие двајцата пред неколку години заедно престојувале во Холан
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448