Недела, 08 Август 2010 08:28

Денеска за големиот верски празник Света Петка во црквата што го носи името на светицата во селото Сарчиево, Штип во котел од 3. 450 литра ќе се готви традиционално македонско гравче во обид да се собори Гинисовиот рекорд.
На овој ден ќе биде осветена новата летна црква Света Петка, а истовремено ќе се направи обид за рушење на Светскиот гинисов рекорд за најголем котел во кој се варел грав.
Настанот ќе биде проследен со богата културно-уметничка програма во присуство на истакнати личности од земјава и странство. На соборувањето на рекордот ќе присуствува официјален судија од Интернационалната организација Гинис, кој ќе ги надгледува подготовката и текот на готвењето.
На осветувањето на првата летна црква во Македонија ќе присуствува поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан и владици од регионот, а планирано е присуство на претседателот и премиерот на Република Македонија.
Огромниот котел во кој ќе се вари 3 450 килограми грав за Гинис, беше изложен на плоштадот во Штип.
Иницијатор и организатор на целата манифестација е ктиторот Стојан Давчев.

| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448