Недела, 08 Август 2010 08:07

Туристи од Штип, кои не сакаа јавно да го откријат својот идентитет, по лошо ќе го паметат одморот во Охрид.
Вчера кога се вратиле од плажа нешто по 14 часот, станот каде што биле сместени во центарот на градот целиот бил испревртен и им биле украдени алишта и паричник со околу 300 евра како и личните документи и двата мобилни телефона.
Полицијата знае за случајот. Од крадците нема ни трага.Од СВР Охрид повикуваат на претпазливост,
„Во текот на месец јули на подрачјето на Струга регистрирани се осум кривични дела кражба и 18 кривични дела тешка кражба.
Оваа бројка минатиот јули изнесувала три кривични дела кражба и 12 тешки кражби. Во Охрид во јули имаше 18 кривични дела кражба и 24 дела, тешка кражба.
Начинот на влегување е речиси идентичен кај сите дела тешка кражба - со разбивање на влезната врата и со влегување преку оставени прозори и други места кои се поволни за влез и не се обезбедени. Кражбите се случуваат и кога младите се препуштени на забавата и се наоѓаат на кафе по шанковите и угостителските објекти, оставајќи ги предметите на видно место и не обезбедени“, вели Стефан Димовски-портпарол на СВР Охрид.
Бројни се туристите кои се жалат на кражби и дури велат дека биле сведоци на дејствување на арамиите.
„Видовме како се краде. Мислам дека треба да се преземат некои превентивни мерки.
На пример да се постават камери на одредени локации или десеттина редари, односно приватно обезбедување кои ќе се грижат за безбедноста по плажите“.Не носиме ништо со нас. Не се чувствуваме безбедни“...
„Видовме како се шетаат лица по плажите и крадат. Имаме видено такви случаи“...
„Внимаваме, заклучуваме сè во соба, а парите ги носиме со нас. Тоа е најсигурно“, велат анкетираните домашни и странски туристи.
Од полицијата велат дека дел од случаите позитивно биле расветлени, но оти не значи дека ова е конечната бројка. Велат дека во полициските станици во Охрид и Струга секојдневно пристигнувале пријави за ограбени туристи, а меѓу ограбените имало и странци.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448